16 Декември, 2025
0.0464

Загадениот воздух го намалува имунитетот, најзасегнати се децата и хронично болните - Д-р Натали Божинкочева Муратагиќ

Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2024 12:04

Добивај вести на Viber

Во последниот период болниците и амбулантите во Скопје се полни со пациенти кои се жалат на респираторни заболувања. Граѓаните дишат загаден воздух, а високите концентрации на канцерогени честички во воздухот ги надминуваат дозволените граници. Скопје беше меѓу првите десет најзагадени градови во светот, а дождот и снегот успеаја само накратко да го „измијат“ загадувањето. 

Како што пренесуваат медиумите во брзата помош периодов најголем број повици биле од повозрасните лица, кои се жалат на влошено здравје, поради хроничните заболувања, а особено на респираторни проблеми. Но, сепак, најпогодени се децата. Граѓаните се обидуваат да се заштитат на секој можен начин. 

На оваа тема „Женски магазин“ направи интервју со Д-р Натали Божинкочева Муратагиќ - специјалист по семејна медицина, која три ипол децении работи со пациенти, посетувала бројни конгреси во земјава и странство и е автор и коавтор на трудови со постер излагање.

Дали поновата варијанта на корона вирусот во комбинација со грип наречена флурона, е виновникот за големата зараза меѓу населението во последниот период?

- Инфлуенца А е вирус кој го предизвикува грипот а вирусот Sars-cov 2 е вирус на ковид. Можна е комбинација на двата вируси но не е главна причина за се поголемиот број на заболени.

Болниците и ординациите се полни последниов месец. Ако флурона не е „виновникот“, тогаш дали тоа се должи на температурните разлики или грипот зема се поголоем замав?

- Се поголем е бројот на пациенти се јавуваат на преглед во своите матични установи. Новогодишните и божиќните празници беа исполнети со прослави и дружби каде контактите овозможија брзо ширење на вируси. Последниот викенд и топлото време луѓето го искористија за прошетка во и надвор од земјава, па и поради тоа имаме зголемен број на посети, во најголем број заболени од грип.

Како загадениот воздух и престојот на отворено кога загадувањето е големо, предизвикува дополнителна штета и кај децата и возрасните?

- Загадениот воздух го намалува имунитет кај населението. Најзасегнати се децата и возрасните со хронични болести. Тие посебно треба да бидат внимателни и да носат маски.

Целосното интервју со  Д-р Натали Божинкочева Муратагиќ може да го прочитате на „Женски магазин“.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски