14 Мај, 2024
0.0258

Загубарите тонат, карванот си врви!

Објавено во: Економија 19 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Тендери во најава, бесуспешен лов на инвеститори, милионски загуби... ова е сликата за загубарите, кои никако да станат профитабилни компании иако приватни компании со исти дејности во земјава бројат милионски профити.  Загубарите никако да испливаат од негатива. Нова дупка од 4,4 милиони евра во првото полугодие од годинава направија трите загубари ЕМО, Охис и Тутуснки комбинат од Прилеп. Финансиските резултати за првите шест месеци од годинава не се јавно обелоденети. И додека загибарите го продлабочуваат минусот, Владата си поставува нови рокови до кога ќе чека потенцијални инвеститори. ЕМО со шестмесечна загуба од 350.730 евра Во очекување на нов тендер за продажба, охридскиот загубар ЕМО потона за нови 350.731 евра за првите шест месеци од годинава. Во првите три месеци од годинава пак, ЕМО ги заврши со минус од 200.000 евра. Консолидираниот финансиски извештај објавен на Македонска берза покажува дека на раст на приходите од продажба на годишно ниво од 6,4 милиони евра за периодот јануари-јуни 2013 гона, наспроти инкасираните 2,7 милиони евра за истиот период лани. На домашен пазар ЕМО во првото полугодине продал материјали во вредност од 5,3 милиони евра, а само 1,1 милион евра во странство. Трошоците за вработените пак, според објаавениот извештај, ЕМо го чинеле речиси 900.000 евра, наспроти 1,9 милион евра за првите шест месеци лани. Како што веќе објави Фактор за најмалку 10 посебни фирми во рамките на АД ЕМО најверојатно ќе се отворат стечајни постапки. Натрупаните побарувања се само една од причините за отпочнување на стечај и ликвидација. Од Министерството за економија за Фактор неодамна објаснија дека доколку во стечајната постапка се подмират побарувањата од страна на доверителите, отпаѓа  условот за отворање на стечај. Можноста за отворање на стечај за овие фирми не значи и стечај за целиот АД ЕМО. “Стечајната постапка не се отвора директно по поднесениот предлог затоа што се води предходна постапка  за утврдување на исполнетост на услови за стечај. Тоа значи дека доколку во таа постапка  се намири побарувањето на доверителот отпаѓа  условот за отворање на стечај. Исто така на крајот на предходната постапка е можно трет субјект да ги преземе обврските на должникот и во тој случај стечајната постапка не се отвора. Кога и кој доверител ќе поднесе предлог за стечај, зависи од неговите интереси и проценки и не е предвидлива ситуација“, велат од Министерството за економија. Охис и ТКП со шестмесечна загуба од 4 милиони евра! Додека Владата со години безуспешно бара инвеститори за загубарите, ЕМО, Охис, Еурокомпозит и Тутунскиот комбинат од Прилеп тонат во милионски загуби. Само хемискиот загубар Охис и ТКП за првите шест месеци направија загуба од 4 милиони евра. Според податоците објавени на Берзата, Охис првото полугодие го заврши со загуба од 2,5 милиони евра, а Тутунскиот Комбинат со 1,5 милиони евра. Овие загуби се за околу 30% поголеми споредено со истиот период минатата година, а главно се направени поради трошоци за вработени, потошен материјал и ситен инвентар. Берзата се уште не нуди информации за тоа како Еурокомпозит ги заврши првите два квартали одгодинава. Од Министерството за економија за Фактор обелоденуваат дека иако хрватскиот инвеститор од Славонски Брод, Ѓуро Ѓаковиќ беше заинтересиран за прилепски Еурокомпозит, не успеал да достави понуда за тендерот во предвидениот рок. Од Владата барал продолжување на рокот за доставување понуди, но Владата не прифатила, туку распиша нов тендер пред еден месец. “Во претходната постапка за продажба на акциите на Република Македонија во 11 Октомври Еурокомпозит, една хрватска компанија подигна тендерска документација, но не достави понуда, бидејќи кратки беа роковите за да ја подготви понудата, поради што параа одложување на роковите. Одложувањето на јавниот повик не се направи, но се објави нов јавен повик за прибирање на понуди за продажба на акциите на Еурокомпозит на почетокот од август“, објаснуваат за Фактор од Министерството. Крајот на септември годинава е новиот рок до кога заинтересираните инвеститори за прилепскиот Еурокомпозит треба да достават понуди. Според информациите во тендерот, овој загубар ќе се продава со 373 вработени и со сите 3.708.038 акции сопственост на државата. Заинтересираните инвеститори ќе треба да платата по 1.000 евра за да ја подигнат тендерската документација од Министерството за економија, најдоцна до 6 септември. “За учество на тендерот ќе треба да се достави банкарска гаранција од 68.000 евра, бонитет за последните 3 години од по 2 милиони евра, програма за дополнителни инвестиции кои треба да ги реализира инвеститорот во период од 3 години, при што ќе се задржат на работа сите вработени. Дејноста на производството не смее да се менува“, стои во тендерот. К.П

Можеби ќе ве интересира

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра