Захариева не гледа потреба да се свика седница за Македонија
Објавено во: Македонија 25 Мај, 2022 15:37
Според екс министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева во спорот со Македонија има чекор назад во односите, наместо голем напредок.
„Ова не е прв пат да има сигнали од премиерот дека е подготвен на компромис без РСМ да направи нешто. Тој побара советодавна седница без да информира никого дали има некаков напредок кој може да се исполни и сака да ја пренесе одговорноста на претседателот на парламентот“, изјави за бугарска Нова поранешната министерка за надворешни работи и пратеничка на ГЕРБ, Захариева.
Вели дека од потпишувањето на Договорот за добрососедство во 2017 година, секогаш имало заеднички иницијативи и прослави.
„Неговата имплементација е блиску до 0 од страна на РСМ. Не гледаме потреба да се свика седница за Македонија, но ако има, веројатно ќе учествуваме“, кажа таа.
За празникот Свети Кирил и Методиј немаше заедничко честување. Бугарија нема да го тргне ветото за Македонија. Бугарските власти не се обрзуваат на рокови.Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето




