18 Декември, 2025
0.0435

Жаклина С. Андоноска секој ден вози автобус на релација Прилеп-Скопје-Прилеп: Претходно ја одбивале за вработување бидејќи било лошо за угледот да има жена возач

Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2025 20:16

Добивај вести на Viber

Сите предрасуди за жените се собрани во една секојдневна пцовка која се изговара илјадници пати во дневниот сообраќај. 

Обично владее убедувањето дека жените се слаби возачи, дека штом зад воланот е жена, сообраќајот ќе биде заглавен, многу жени не можат да дојдат до ред на воланот од колата, бидејќи мажите веруваат дека кога жените возат целото семејство е помалку безбедно. 

И додека овие стереотипи ги демотивираат жените да бидат возачи или активно да возат и покрај возачките дозволи, статистиките зборуваат на сосема поинаков јазик од фолклорот. 

Во секојдневието постојат жени возачи не само на коли, туку и на автобуси и секојдневно превезуваат стотици патници од една до друга дестинација. Еден таков пример кој им пркоси на општествените предрасуди за жените возачи е Жаклина Спиркоска Андоноска. Жена на која сонот ѝ се исполнил, а како девојче имала невообичаена желба за женско. Сакала да стане возач на автобус. Таа тоа денеска е, а како што самата вели ужива да вози бидејќи конечно сонот ѝ станал реалност. 

-Положив 2002 година за aвтобус. Во 2007-8 година се обидов да побарам работа, ми рекоа угледот на фирмата да не ѝ се сруши ако има жена возач и бев одбиена. Во 2010 во ЈСП Скопје побарав работа и таму бев одбиена - требало да имам некој предходно вработен таму па кога ќе оди во пензија на негово место може. И за среќа во 2023 имаше оглас за кондуктер, јас се пријавив со услов и да возам. И еве после неколку обиди и 21 година откако ја имав возачката за Д категорија ми се исполни желбата да бидам возач на автобус на меѓуопштински превоз. Секојдневно сум на релација Прилеп- Скопје- Прилеп, вели Жаклина Спиркоска Андоноска за „Женски магазин“.

Целата вест прочитајте ја на Женски магазин.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери