15 Декември, 2025
0.1302

ЗАКОНОТ ЗА АМНЕСТИЈА НЕМА ДА СЕ НОСИ СО ЕВРОПСКО ЗНАМЕНЦЕ: Министерството за правда со реакција до Мицкоски

Објавено во: Македонија 01 Октомври, 2023 18:26

Добивај вести на Viber

Неосновани се тврдењата на претстедалот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека Законот за амнестија ќе се носи во скратена процедура со европско знаменце, реагираат од Министерството за правда.

-Министерот за правда Кренар Лога уште од првиот ден, а исто така и на брифингот со медиуми кој се одржа минатата недела јасно кажа дека овој закон нема да се носи со европско знаменце и дека лично тој е против можноста од злоупотреба на европското знаме за носење на закони. ВМРО ДПМНЕ да не зазема став на празно, кога се информирани уште од првиот дне за сите детали. Законот за амнестија е ист како оној од 2018 година, со истите кривични дела за кои не е предвидена амнестија. Тој закон беше потпишан и поддржан од ВМРО ДПМНЕ. Колку и да ска ВМРО ДПМНЕ да амнестира свои поранешни избрани и именувани лица, таков закон нема  да има, се вели во соопштението.

Во однос на најавите за напуштање на Парламентот и напуштање на мандатите од страна на пратниците на ВМРО ДПМНЕ, Министерството за правда смета дека тоа е добредојдена вест за граѓаните.

-Немањето став за битни прашања и политиките на блокада подобро се изразуваат со напуштање на Собранието и тоа е гест за поздравување од наша страна.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење