Добивај вести на Viber
Комунална такса нема да плаќаат занаетчиите од Куманово за фирма односно назив за деловна просторија. Советниците на 79 седница на Советот на општината ја донесоа предлог одлуката за ослободување од комунална такса, а претходно ги утврдија дефицитарните занимања и занаети во изумирање на подрачјето на општината. Според раководителот на секторот за локален економски развој, Зоран Павловски, одлуката во која е прецизирано кои занаети се ослободуваат од одредени плаќања претставува стимулативна мерка за заживување на занаетите во општината.
- Се работи за стари занаети во изумирање, а тоа се ковачите, грнчарите, лимарите, казанџиите, копчарите, свеќарите, крзнарите, шапкарите, изработувачите на сувенири односно ракотворби, јорганџии, опинчари, саатчии…, објаснува Павловски. Оваа одлука е предвидена во Закон за комунални такси. Досега занаетчиите за оваа комунална такса одвојуваа по две илјади денари.