Запален автомобилот на прилепски функционер, градоначалникот побара оставка од полицискиот командир
Објавено во: Македонија 30 Јуни, 2022 12:01
Вчера во раните утрински часови непознати сторители го опожариле автомобилот на директорот на ЈКП – Комуналец, кој се наоѓал пред неговата куќа, а градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, побара оставка од локалниот командир, затоа што како што вели тој, нарушена е безбедносната состојба во градот.
Јовчески на прес-конференцијата рече дека за кратко време се случили многубројни инциденти во Прилеп.
„Повод и причина за денешната моја изјава е да го осудам чинот од вчерашниот инцидент што се случи во раните утрински часови. Вчера на директорот на ЈКП – Комуналец Прилеп, непознати сторители го опожариле неговиот семеен автомобил пред неговата куќа.
Ова ја прелеа чашата по однос на безбедносната состојба во Прилеп и ги доведе во несигурност моите сограѓани.
Пред некој ден повторно имаше тепачка на ул. Републиканска. Минатиот месец бевме сведоци на масовна тепачка на млади пред еден прилепски локал и неколку криминолошки дејствија со препродавање и транзитирање на наркотични средства, кои ја зголемуваат несигурноста на моите сограѓани“, рече Јовчески.
Командирот на полициската станица одговори дека не е нарушен степенот на безбедност на градот и дека нема да поднесе оставка.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




