ЗАПИРА РАСТОТ НА ПЛАТИТЕ: Над илјада функционери нема да добијат ново покачување
Објавено во: Македонија 29 Февруари, 2024
Над илјада функционери нема да добијат ново покачување на платите.
Едногласно пратениците им ги намалија коефициентите. Со тоа, нема да им биде одземено ланското покачување од 78 отсто, но барем засега се запира растот на нивните плати.
Со ист заклучок, едногласно, без против или воздржани, како и без дискусија, во Собранието беа донесени сите шест закони кои носат ограничување на функционерските плати веќе од февруари.
Со ограничувањето се опфатени претседателот, пратениците, министрите, судиите, јавните обвинители, членовите на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители, вкупно илјада и 60 носители на функции.