17 Декември, 2025
0.1981

Започна Бизнис караванот на ЕУРОЛИНК

Објавено во: Економија, Мои пари 25 Февруари, 2016 13:31

Добивај вести на Viber

Скопскиот ресторан „Ден и Ноќ“вчера попладне беше домаќин на големиот бизнис настан организиран од Еуролинк осигурување. Повеќе од стотина сопственици и менаџери на мали и микро компании имаа можност да се запознаат со предностите на Бизнис комплет пакетот на Еуролинк како и да разменат искуства и знаења.

Бизнис комплет претставува сеопфатна осигурителна понуда за целосна заштита на бизнисот преку обезбедување уникатни осигурителни решенија.

Пакетот опфаќа различни осигурувања, како што се осигурување од пожар и други опасности, кражба и разбојништво, кршење стакло, прекин на работа, одговорност и незгода за вработените. Пакетот е предвиден како целосно осигурување за малите бизниси кои имаат деловни и продажни објекти, како колонијални продавници, мини маркети, аптеки, парфимерии, козметички салони, кафулиња и други.

Eurolink biznis komplet Skopje (57)

„Еуролинк е посветен кон развивање нови и иновативни решенија за осигурување на бизнисите. Длабоко веруваме дека нашата поддршка им е повеќе од потребна и на малите бизниси за да можат целосно да се фокусираат кон понатамошен раст и развој. Токму затоа, оваа година сме фокусирани кон обезбедување сеопфатни осигурителни решенија кои овозможуваат целосна заштита на бизнисот.  Имајќи ги нивните потреби, го создадовме Бизнис пакетот кој обезбедува целосна и достапна заштита на малите бизниси од ризиците кои се најчеста закана по нивното работење.‘‘ – рече Марија Томеска, претседател на управниот одбор на Еуролинк осигурување.

Вчерашниот настан е првиот од серијата настани кои ќе се одржат низ Македонија како дел од Бизнис Комплет караванот на Еуролинк.

Во текот на месец март, Бизнис Комплет караванот ќе продолжи со настани и во други градови низ Македонија, и тоа: Струмица, Битола, Прилеп и Штип.

‘‘Ги покануваме сите заинтересирани да ни се придружат на некој од наредните настани од Бизнис Комплет караванот.“ – додаде Томеска.

Годинава, сите кои ќе склучат договор за лојалност на 3 години, имаат можност да го добијат Бизнис Комплет за само еден денар за првата година, а воедно да добијат и полиса за приватно колективно осигурување за само 300 денари месечно по вработен. Дополнително, работодавците кои се вклучиле во програмата за лојалност ќе добијат и бесплатен превентивен задолжителен здравствен преглед за своите вработени.

Еуролинк останува посветен во развивање на нови и иновативни решенија за осигурување на бизнисите.

Можеби ќе ве интересира

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Кои шест европски земји нудат највисоки плати?

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи

Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи