Започна рамазанскиот пост
Објавено во: Македонија 16 Мај, 2018 09:05
Од денес започна Рамазан, месец на постот за припадниците на исламската вера. Оваа година, верниците ќе постат и по 17 часа дневно.
Верниците кои што постат, не треба да јадат ниту да пијат за време од изгрејсонце, па се додека не зајде сонцето. Постот ќе трае до 14 јуни, а завршува со празникот Фитр Бајрам.
Претседателот на Исламската верска заедница на Македонија, упати честитка до верниците и им посака посака лесен пост.
„Месецот Рамазан е свет месец, тоа е ноќта на Кадр, месец на правдата, на просветлувањето на умот и срцето, месец на посветеност кон нашите сакани, кон соседите и сираците, сиромашните, бедните и кон сите оние што имаат потреба“, посочи Реџепи.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




