Започна расчистување на опожарените објекти кај поранешната фабрика „Треска“, се подготвува теренот за „наполитанките“
Објавено во: Македонија 24 Август, 2022 11:33
Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, денеска објави дека сопствениците на парцелите во кругот на поранешната фабрика „Треска“ започнале да ги расчистуваат објектите кои беа опожарени пред пет месеци. Во меѓувреме нема промена на ДУП-от и само прашање на време е кога инвеститорите ќе добијат правосилни градежни дозволи за изградба на фамозните згради, наречени „наполитанки“.
Градоначалникот пред медиумите изјави дека во момонетов се прават напори за „подобра урбанизација“ Тој како одговор на новинарско прашање, рече дека во моментов за овој круг има 15 барања за дооформување на перцели и 4 барања за градежни дозволи. Без расчистување на објектот, се кочел целиот процес.
- Итно постапуваме по овој простор по пет месеци од пожарот кој остави објекти налик Чернобил. Мора итно да се расчистат 40.000 метри квадратни азбестен кров кој беше зафатен во пожарот. Напуштениот индустриски капацитет треба да се расчости бидејќи претставува нелегална депонија и извор на зарази. Ги почитуваме одлуките на Обвинителството, кое го истражуваше подметнувањето на пожарот, и затоа до август сите постапки за расчистување беа во застој и започнавме откако ни дозволи Обвинителството
Расчистувањето плански ќе се одвива во неколку фази, ќе го вршат самите сопственици кои доставија барања за отстранување. Ангажирале приватна компанија за надзор и логистика. Ќе се отстрануваат најпрво опасните објекти. На крај ќе се изврши дезинфекција, и дератизација бидејќи врие од глувци и змии. За сето тоа време, работата ќе биде под надзор на инспекциските служби на Центар. Отпадот ќе биде депониран и уништен во Дрисла Расчистувањето ќе заврши за неколку недели и нема да постои депонија во срцето на Општина Центар, рече Герасимовски пред новинарите.
Во меѓувреме плановите за Буњаковец 1 и 2 не се променети , а Герасимовски не одговори дали денешното расчистување е почеток на урбанизацијата и бетонизација на овој дел од градот.
- Прво да завршиме со расчистување. Ќе се борам да го измениме ДУП-от. Имавме три години мораториум, правиме напори да се одвои овој дел во што подобар ДУП, рече градоначалникот.
Можеби ќе ве интересира
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина




