ГРАНТОВИ И ИНВЕСТИЦИИ, НО И ЗГОЛЕМЕНИ ТРОШОЦИ ЗА КОМПАНИИТЕ - што ќе ни донесе стартот на преговорите со Унијата
Објавено во: Економија 21 Јули, 2022 07:33
По првичната еуфорија околу посетата на Брисел и отпочнувањето на преговорите со Европската унија, долгоочекуваниот процес, многу значаен сегмент за кој допрва треба да се утврди какви ефекти ќе има е македонската економија.
Темите околу членството во унијата секогаш беа проследени со надеж дека членството ќе ни донесе и подобра економска иднина, подобар животен стандард, дека ќе овозможи поголем развој на економијата, а оттаму и подобар живот за сите нас.
Сега кога најпосле ги почнавме преговорите, и покрај сите дилеми кои провејуваат во јавноста овој период, неминовно е и прашањето кога и дали ќе има позитивно влијание отпочнатиот процес врз домашната економија.
Добро е познато дека нашата економија е поврзана со европската екномија и дека најголем дел од размената се прави со земји членки на унијата. Но, сепак, голема е и неизвесноста која е присутна насекаде, не само кај нас, туку и во регионот, Европа и целиот свет, секако наметнато од војната во Укриана, и неизвесноста која се наметна со оваа војна, како и рестрикциите кои се воведуваат во обид да се заврши истата час поскоро.
Домашните економисти иако посочуваат дека ќе има позитивни ефекти од овој чин, сепак, потенцираат дека пред нас има многу работа и дека прилагодувањето кон европските вредности може да додведе и до зголемени трошоци за компаниите.
- Самите преговори со унијата и реформите што е потребно да ги направиме нема да бидат лесни и ќе бараат многу напор од институциите, но и одредени обврски за компаниите. Во одредени области, тоа ќе значи и зголемени трошоци за компаниите за воведување на европските стандарди. Сепак, мораме да бидеме искрени и да си признаеме, дека за тешки реформи ние како држава, а особено партиите немаат многу разбирање и ги одлагаат за „некои подобри времиња“. Во овој случај самите преговори ќе не натераат и на тие „непопуларни“ реформи кои ќе бидат услов за да затвараме одредени поглавја т.е. кластери од преговорите - објаснува претседателот на собранието на Организација на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров.
Сепак, нашиот соговорник исто така додава дека сосема очекувано е да имаме позитивни ефекти од започнатиот процес на преговори.
- Во секој случај позитивните ефекти од идното членство се огромни и „вреди“ да се издржат овие преговори и реформи заради подобра иднина на сите граѓани во државата. Позитивните ефекти би биле не само во големата финансиска подршка во вид на грантови и инвестиции во инфраструктурата, туку и во вложувања во македонската економија во отворање на нови компании и вложувања во постоечките домашни и странски компании - појаснува Диитров.
Како поранешен пратеник и долгогодишен бизнисмен, Димитров за „Фактор“ појаснува дека со започнатите преговори и со здружувањето со унијата, очекувано е „дека проблемите што во овој момент што ги има Европа, со Украинската војна и енергетската криза ке бидат заеднички проблеми на сите земји членки и заеднички ќе се решаваат“.
- Сакам да спомнам дека и како земја кандидат ние имаме огромна соработка со земјите членки на унијата, таа е наш најголем трговски партнер, најголем инвеститор во земјава, а еврото е наше сидро ја одржување на инфлацијата. Оваа соработка и зависност би станала уште поголема и позначајна - потенцира Димитров. П.О.
Можеби ќе ве интересира
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?
Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно
Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ
Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди




