06 Октомври, 2024
0.0278

Започнува првата лицитацијата: Понуден недвижен имот конфискуван од Сашо Мијалков за половина милион евра

Објавено во: Економија 11 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Агенцијата за управување со одземен имот објави оглас на кој се понудени првите конфискувани недвижнини од поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков кои се во вредност од околу 520.000 евра. Јавното електронско наддавање е закажано за 25 август. Најповолниот понудувач треба да ја уплати целосната сума до 15 дена од заклучувањето на лицитацијата.

Понудени на продажба се два стана на улица Горица во Охрид, од кои едниот од 65 метри квадратни со проценета вредност од Бирото за судски вештачења на 5.775.234 милиони денари, а другиот во истата зграда од 114 метри квадратни проценет на  9.032.505 денари. 

На продажба е и земјиште од 56.818 метри квадратни кај Морани во Општина Студеничани крај Скопје со почетна вредност од 17.045.421 денари, а се нуди и мал плац кај местото Џибарица на Кожуф од 321,81 метри квадратни проценето на само 29.686 денари.

„Право на учество на јавното наддавање по електронски пат имаат сите физички и правни лица, освен осуденото лице од кого е конфискувана недвижноста, вработените лица во Агенцијата за управување со одземен имот, како и друго лице кое службено учествувало во постапката за продажба“, гласи еден од условите во огласот објавен од страна на Агенцијата за управување со одземен имот.

Процесот на проценка на запленетиот недвижен имот траеше половина година, по што Агенцијата за управување со одземен имот објави дека станува збор за вкупна вредност од 15 милиони евра, иако првично Обвинителството сметаше дека вреди околу 30 милиони евра.

Од Агенцијата за управување со одземен имот рекоа дека одземеното од Мијалков изнесува 15 милиони евра во недвижен имот, 350 илјади евра во акции и околу 6,1 милиони евра готовина. Претходно во јули на аукција на берза беа ставени запленетите акции на Мијалков од неколку акционерски друштва со вкупна почетна вредност од 268 илјади евра. Беше соопштено дека се понудени по принципот „се или ништо“, но засега нема информации за исходот од продажбата.

Засега нема информации кога ќе се продаваат поатрактивните недвижнини одземени со спогодба од поранешниот директор на УБК, како што се апартманите на Водно.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Божиновска: Ќе побараме помош од домашни банки за грејната сезона

Божиновска: Ќе побараме помош од домашни банки за грејната сезона