ЗАПРЕНА ИЗГРАДБАТА НА ТРИ МОДУЛАРНИ АМБУЛАНТИ ВО СКОПЈЕ: Требаше целосно да профункционираат кон крајот на септември

Објавено во: Македонија 15 Септември, 2021 10:37
Од неделата
запрени се сите градежни активности на три модуларни амбуланти во Скопје,
потврдуваат за Фактор извори од здравствениот сектор. Велат дека на местото на
старите амбуланти во Ѓорче Петров, Бутел и во Ново Лисиче овие неколку дена има
само лица кои ги обезбедуваат објектите, но не и работници.
-Градежните активности за трите модуларни амбуланти во Ѓорче Петров, Бутел и Ново Лисиче кои треба да ги заменат руинираните бараки од старите амбуланти траат веќе цел месец. До крајот на септември требаше да бидат готови, но нивната изградба е запрена. Според зацртаната динамика, по нивното целосно пуштење во употреба кон крајот на месецов, веднаш од почетокот на октомври требаше да се почне со изградба на уште две модуларни амбуланти и тоа во тафталиџе и во Автокоманда. Официјалне допис дека е запрена и зошто е прекината изградбата на овие објекти од Министерството за здравство нема, велат изворите на Фактор.
Оттаму, како што истакнуваат, претпоставките за прекин на градежните работи околу изградбата на модуларните објекти се поради актуелностите поврзани со нивната безбедност безбедност по трагедијата во тетово, кога само за неколку минути изгоре модуларната ковид болница во која животите ги загубија 14 луѓе.
Сепак, како што потенцира изворот на Фактор, има огромна разлика меѓу таа модуларна ковид-болница и модуларните амбуланти, зошто во нив нема довод на кислород, кој се смета за високо-ризичен фактор во случај на пожар.
Инаку, истрагата во опожарената модуларна болница е во тек, а во неа ќе се вклучат и четворица германски форензичари кои најверојатно треба во земјава да пристигнат денеска. Според најавите, двајца од четворочлениот тим се кримтехничари форензичари за истражување на пожари, а другите двајца се кримтехничари форензичари за ласерско мерење на простории и за фотографирање.
Уште кон крајот на минатата недела, Министерството за здравство соопшти дека документацијата за модуларните болници е спремна за увид и институцијата ќе ја достави до надлежните органи.
-Министерството за здравство не сакајќи да се меша во јавно обвинителските одлуки и дејствувања, ниту да наштети на независната истрага која ја водат Основното јавно обвинителство и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, по претходна нивна дозвола, документацијата со која располагаме подготвени сме да ја доставиме на увид, соопштија од МЗ.
Анита Буховски
ФОТО: МИАМожеби ќе ве интересира
ДЕНЕС ПОЧНУВА СУДЕЊЕТО НА ТАТКОТО НА ВАСИЛ, МОМЧЕТО КОЕ ЈА ПРЕГАЗИ ФРОСИНА: Зоран се товари за предизвикување општа опасност

„Животот е непредвидлива оска на движење, имало периоди кога...“: Марјан Николовски за секојдневните предизвици

ЕП ГО УСВОИ ИЗВЕШТАЈОТ НА ВАЈЦ - следува гласањето во јули, што можеме да очекуваме?

„ДА МИ КАЖЕА ДЕКА АЛБАНЦИ ЌЕ ГО БРАНАТ ЗАКОНОТ НА КАРАКАМИШЕВА, ЌЕ РЕЧЕВ ДЕКА Е ЦРНА ФАНТАЗИЈА“! Адеми за законот за правична застапеност

ДВОЈНО ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ИСТРАГИ ЗА УБИСТВА - годишниот извештај на обвинителство со поразителни податоци

Николоски во Париз на разговори со УНЕСКО за автопатот Струга - Ќафасан

УЛИЧНИ МУЗИЧАРИ РЕТКО СРЕТНУВАМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Дали имаме навика да ги наградиме за нивната уметност?

СТЕФКОВСКИ ЦЕЛА ВЕЧЕР ВО АКЦИЈА, ГИ „ЛОВЕШЕ“ ЗАГАДУВАЧИТЕ: Градоначалникот на Гази Баба се пофали на социјалните мрежи ќе дежурал додека е потребно

„ОВА Е ВЛАСТ ШТО ТОТАЛНО СЕ ОДЕЛИ ОД ГРАЃАНИТЕ“: Жерновски вели дека трошат пари затоа што им се може
