Затвореник од „Идризово“ се заканувал со огнено оружје на Бит Пазар
Објавено во: Македонија 10 Август, 2024
Вчера во 17.30 часот во Скопје, било пријавено дека на подрачје на Бит Пазар настанала вербална расправија помеѓу Х.В.(56) и Н.В.(51) двајцата од Скопје.
„При распавијата Н.В. со огнено оружје упатил сериозни закани кон Х.В. и неговото семејство, а во еден момент извршил и оштетување на патничко возило „Голф“ сопственост на Х.В. Бидејќи Н.В. е лице кое издржува затворска казна во Казнено поправна установа „Идзризово“, со наредба од Основен суд Скопје извршен е претрес во неговиот дом. По насоки на ОЈО, лицето е однесено во Казнено поправна установа „Идризово“.“, информира полицијата.
По целосно документирање на случајот против Н.В. ќе биде поднесена пријава за сторени кривични дела „Загрозување на сигурноста“ и „Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.