15 Мај, 2024
0.0295

Зауздан ли е и за што се трошат парите: Колкав ќе биде јавниот долг?

Објавено во: Економија 17 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Колкав е вкупниот јавен долг во земјава заклучно со вториот квартал годинава. Растот на БДП во тој период беше 3,1 процент. Министерството за финансии уште во јули соопшти дека до јуни јавниот долг изнесува 47,7 проценти од БДП. Народната банка во најновата месечна информација објави дека вкупниот јавен долг на крајот на второто тромесечје изнесува 48,8 проценти од БДП или цел процентен поен повеќе.

Во таа информација стои дека долгот е зголемен во однос на првиот квартал.

„Вкупниот јавен долг, на крајот на вториот квартал од 2018 година изнесува 48,8 проценти од БДП, што претставува зголемување за 0,6 процентни поени во однос на претходниот квартал. Промената во најголем дел произлегува од зголемувањето кај надворешниот долг (од 33,0% на 33,4% од БДП), при раст и на внатрешниот долг (од 15,2 отсто на 15,4 проценти од БДП). Вкупниот државен долг и долгот на јавните претпријатија (за кој државата има издадено државна гаранција) во вториот квартал се зголемија за 0,3 и за 0,2 процентни поени од БДП, соодвентно“, стои во информацијата од НБМ.

Од финансии соопштија:

„Државниот долг на Република Македонија на крајот на вториот квартал од 2018 година изнесува 39,9 проценти од БДП, додека јавниот долг кој го вклучува и гарантираниот долг, претставува 47,7 отсто од БДП. 

Коментирајки ги податоцитењ за првите три месеци од финансии тврдеа дека сега долгот се одржува.

„Јавниот долг бележи намалување во 2017 година, за првпат после 9 години, по што во 2018 година се задржува на тоа ниво. Претходните години јавниот долг беше брзорастечки и неодржлив. Од 2008 година тој рапидно растеше, за да во 2016 година истиот се дуплира, рекоа од Министерството за финансии.

И познавачите коментираат дека сега е најдобро што брзиот раст на долгот е зауздан. Но упатуваат на внимателност. Велат дека најважно е да се реализираат капиталните инвестиции предвидени за годинава и да се забрза растот. 

Можеби ќе ве интересира

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

КОМПАНИЈАТА КОЈА „ВЛАДЕЕ СО СВЕТОТ“ ДОБИ НОВ ГАЗДА: Еве кој е тој

КОМПАНИЈАТА КОЈА „ВЛАДЕЕ СО СВЕТОТ“ ДОБИ НОВ ГАЗДА: Еве кој е тој

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони евра во градот под Исарот?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој прави милиони евра во градот под Исарот?

ПЕКИНГ БЕСЕН ПОРАДИ НОВИТЕ ЦАРИНИ ВО САД: Ќе го возврати ударот со сопствени царини, еве какви би можеле да бидат последиците

ПЕКИНГ БЕСЕН ПОРАДИ НОВИТЕ ЦАРИНИ ВО САД: Ќе го возврати ударот со сопствени царини, еве какви би можеле да бидат последиците

КОЈА Е КРАТОВСКАТА ФИРМА ШТО ЗНАЕ КАКО ДА ПРОФИТИРА И СО НАМАЛЕН ПРИХОД - чиста добивка од 400 илјади евра за три месеци, ова е рецептот

КОЈА Е КРАТОВСКАТА ФИРМА ШТО ЗНАЕ КАКО ДА ПРОФИТИРА И СО НАМАЛЕН ПРИХОД - чиста добивка од 400 илјади евра за три месеци, ова е рецептот

ФАКТОР АНАЛИЗА: Топ-10 најголеми маркети во 2023 - во КАМ се трошело најмногу, „Веро“ со најголема профитна маржа

ФАКТОР АНАЛИЗА: Топ-10 најголеми маркети во 2023 - во КАМ се трошело најмногу, „Веро“ со најголема профитна маржа

ШТО СЕ СЛУЧУВА НА ПАЗАРОТ НА ТРУД?! – се повеќе луѓе бараат работа, меѓу нив и доктори на наука, но и лица без образование

ШТО СЕ СЛУЧУВА НА ПАЗАРОТ НА ТРУД?! – се повеќе луѓе бараат работа, меѓу нив и доктори на наука, но и лица без образование