Завршена реконструкцијата на улицата „Димче Мирчев“ кај МВР
Објавено во: Македонија 04 Декември, 2012 13:21
14,5 милиони денари беа потрошени за комплетната реконструкција на улицата „Димче Мирчев“, која се наоѓа во близина на Министерството за внатрешни работи, во должина од 450 метри, на потегот до улица „Железничка“, соопштуваат од општина Центар.
Со овие средства било извршено отстранување на дотраениот асфалтен слој и поставување нов асфалт на површина од 2.400 метри квадратни, додека на двете страни на тротоарите се поставени бекатон плочки на површина од 1.600 метри квадратни. Поставено е и ново улично осветлување и канделабри на должина од 350 метри, а набрзо ќе биде направена хоризонтална и вертикална сигнализација.
Како што стои во соопштението, станува збор за клучна улица која е доста фреквентна и која подолго време беше во лоша состојба.
Можеби ќе ве интересира
Предлогот за разрешување на Коцевски и Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите во Собранието
Нашинците склучуваат бракови во странство, ова се топ три земји...
И МИНИМАЛНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА БРЗИНАТА ЌЕ СЕ САНКЦИОНИРА – се менува Законот за сообраќај, еве какви новини се планираат
SMART CITY ВИ Е DUMB CITY: Колозова со критики - „никогаш нема да повеќе да возам“
ОВА СЕ УСЛОВИТЕ ЗА ДА ИМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Мицкоски без нив нема да го менува Уставот
Фото: Сите скопски градоначалници синоќа беа на плоштад: Присуствуваа на вклучувањето на новогодишните светилки
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот




