17 Декември, 2025
0.0517

Заврши гласањето на шкотскиот референдум, гласачките ливчиња го кријат одговорот

Објавено во: Свет 18 Септември, 2014 23:17

Добивај вести на Viber

Гласачките места во Шкотска се затворени. Заврши изјаснувањето на граѓаните за референдумот за независност и отцепување од Велика Британија. Резултатите се очекуваат со голема неизвесност, со оглед на тоа што до последен момент разликата меѓу двата табора „за“ и „против“ независноста беше изедначена. Сепак, првичните резултати од излезните анкети покажуваат блага предност на опцијата која се залага Шкотска да остане во рамките на Обединетото Кралство. Така, според анкетата што ја направила рејтинг агенцијата Ипсос Мори на излезот од гласачките места, 53% од испитаниците гласале „ПРОТИВ“, додека 47% биле „ЗА“. Излезноста на гласачите била повисока од 90%, што е апсолутен историски рекорд во Велика Британија. Официјалните резултати се очекува да бидат објавени утре рано наутро.Во очекување на исходот, шкотските пабови ноќеска ќе работат цела ноќ. Според најавите, британскиот премиер Дејвид Камерон се очекува утре да и се обрати на нацијата со првите оценки на референдумските резултати.    

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави