Заврши хуманитарната акција „Прегратка на дар“ на Бимилк и „Рингераја“
Објавено во: Мои пари 10 Април, 2014 12:15
Во рамките на проектот беа реализирани 25 работилници во градинките во целата држава, за значењето на хуманоста и помагањето. Изработена е и отпечатена едукативна сликовница во 10.000 примероци и поделена на сите дечиња, учесници во проектот. Проектот опфати и повеќе настани - беше организирана голема изложба на рачно изработените играчки, прва од ваков вид во Република Македонија, а на интернет медиумот Рингераја.мк беше организиран натпревар за најкреативна играчка, при што беа наградени 5 градинки кои имаа најкреативни изработки.
Покрај благодарници на градинките учесници во проектот “Прегратка на дар”, од страна на генералниот покровител на проектот “Прегратка на дар” – БиМилк, беа наградени децата чија што изведба на драматуршката
форма на сликовницата “Светот е мал за овој голем кашкавал”, беше најдобра.
„Оваа прекрасна хуманитарна акција успешно ја реализиравме и се надеваме дека ќе продолжи и во иднина. Нашата цел е уште од најрана возраст децата да го сфатат значењето на дарувањето, поддршката и помошта на другите, секојпат да се однесуваат со почит и внимание кон луѓето и околината. Оттука и оваа акција се одвиваше под мотото: „Од децата за децата: грам љубов за тон здравје“, изјави Полексена Ристевска, маркетинг менаџер на БиМилк.
Можеби ќе ве интересира
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“




