ЗАВРШИ ПОТРАГАТА ВО ВАРДАР: Извлечено и безживотното тело на хуманиот човек
Објавено во: Македонија 29 Август, 2020 14:43
Заврши потрагата по гостиварецот кој ноќеска се обидел да ја спаси 19-годишната девојка. Телото на 45-годишниот хуман човек во текот на денот го извлекле спасувачките екипи.
Инаку, според локалните медиуми, ноќеска околу полноќ девојката била забележана од очевидци во момент кога скокнала од мостот во близина на пазарот во Гостивар, а веднаш потоа во обид да ја спаси скокнал и човекот но двете тела веднаш исчезнале во водите на Вардар.
Потрагата започнала веднаш, по што утринава е извлечено прво телото на девојката, а сега и на човекот кој се обидел да ја спаси.
По наредба на обвинител врз безживотното тело на девојката ќе биде извршена обдукција, а во тек е истрага за настанот.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




