19 Декември, 2025
0.3918

Заздравуваат рударите повредени во рудникот Добрево

Објавено во: Мои пари 12 Декември, 2014 12:56

Добивај вести на Viber

Двајцата рудари повредени во несреќата што се случи во рудникот во Злетово во петокот заздравуваат од повредите, соопшти компанијата која управува со рудникот. Едниот од повредените работници истиот ден беше пуштен на домашно лекување, додека другиот се уште е под болничко надгледување. Индо Минерали и Метали Македонија се во постојана комуникација со семејството и со медицинскиот персонал во Клиничката болница во Скопје, со цел следење на состојбата на рударот. „Нашите вработени се нашата најголема инвестиција и токму затоа компанијата останува посветена на грижата за секој еден од нив. Воедно, ги имаме имплементирано сите стандарди и прописи за заштита и ги правиме сите потребни напори во превенирање и намалување на бројот на несреќи при работа“, изјавија од компанијата. Photo IMM -2 Во рудниците со кои стопанисува компанијата, Злетово и Тораница, вкупно се вработени околу 1.000 лица и сите вработени се осигурени на 24 часа. ИММ Македонија има усвоено правилник за работа кој треба да се следи доследно, заради избегнување на несреќи од секаков вид. Дополнително секој од вработени посетува петнаесетдневна обука за безбедност при работа, која што содржи теоретски, но и практичен дел. Според истите стандарди и процедури во случај на несреќа, секој од рудниците има сопствено амбулантно возило со две медицинска лица, како и обучена екипа за спасување. При последната незгода од минатиот петок, по спроведената инспекција, надлежниот рударскиот и полицискиот инспектор, уште истиот ден, одобрија продолжување на работите во рудникот Злетово. Истрагата водена од рударскиот инспекторат е се уште во тек и се работи на откривање на причините за несреќата.

Двајца рудари повредени во експлозија во рудникот „Добрево“

Можеби ќе ве интересира

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година