02 Декември, 2024
0.0252

ЗДЕЛКАТА Е ТЕШКА ДВА И ПОЛ МИЛИОНИ ЕВРА - еве која е сумата која „НЛБ Склади“ ја плати за „Генерали Инвестментс“

Објавено во: Финансии 23 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Два и пол милиони евра е сумата која словенечкото друштво НЛБ Склади ја плати за македонската „Генерали инвестментс“ со седиште во Скопје.

НЛБ Склади е во целосна сопственост на НЛБ Групацијата од Љубљана, која, пак, ја поседува една од најголемите банки во земјава, НЛБ Банка.

Од НЛБ Групацијата известија за оваа трансакција, за која купопродажниот договор бил потпишан уште во ноември минатата година, а вчера преку берзата помина и самата зделка, преку берзанска блок трансакција.

Инаку, на трансакцијата поминаа 93.574 акции на „Генерали Инвестментс“, што е практично вкупниот број на акции кои ги има издадено ова друштво. Акциите се платени секоја по цена од 1.644,24 денари за акција, или вкупната вредност на зделката е 153.858.114 денари, односно 2,5 милиони евра.

Од НЛБ Групацијата вчера соопштија дека НЛБ Склади, управување со средства, д.о.о., по добивањето на сите релевантни одобренија, успешно го завршиле преземањето на Генерали Инвестментс АД Скопје.

„Северна Македонија е еден од стратешки најважните пазари за НЛБ Групацијата, која одржува силно присуство на пазарот. НЛБ Банка Скопје е трета по големина банка на Групацијата во однос на вкупната актива, заземајќи системски важна позиција со пазарен удел од повеќе од 16 отсто мерено според вкупната актива, и над 20 отсто кај кредитите и депозитите кај населението. Од друга страна, гледаме многу можности за раст, затоа веќе имаме основано лизинг компанија во Северна Македонија на крајот на 2022 година, а сега го комплетираме нашето портфолио на производи со услуги за управување со средства“, објасни Блаж Бродњак, извршен директор на НЛБ.

Лука Подлогар, претседател на Управниот одбор на НЛБ Склади, вели дека во НЛБ Групацијата веруваат во развој на инвестициски производи во регионот на Југоисточна Европа.

„Северна Македонија е особено интересна во овој поглед, бидејќи пенетрацијата на инвестициските производи е многу мала, а од друга страна, пазарот е доволно развиен и приемчив на ваква понуда, па затоа гледаме многу можности за раст“, рече Подлогар.

Инаку, НЛБ Склади е основано на крајот на 2002 година, а почна со работа на први јануари 2004 година. НЛБ Склади е најголемата компанија за управување со фондови во Словенија, како и најголема компанија за управување со средства според вкупните средства под управување. 

Генерали инвестментс АД Скопје е трето по големина друштво за управување со инвестициски фондови на македонскиот пазар, со пазарен удел од 18 отсто. Компанијата управува со приближно 48 милиони евра средства на клиентите во 4 различни инвестициски фондови, и тоа два акциски, еден паричен и еден комбиниран.

Генерали Инвестментс е основана на 31 јануари 2008 година под името КД Фондови. Во февруари 2019 година, Друштвото КД Фондови се приклучи кон Групацијата Generali и во овие рамки ја продолжува својата  долга традиција на обезбедување на професионални услуги за управување со средства со нов корпоративен идентитет. КД Фондови официјално го промени името во Генерали Инвестментс во септември 2019 година, а својот идентитет на брендот го поврза со добро познатиот лав на плоштадот Свети Марко, симболот на Венеција и на Generali Group.

За оваа зделка на крајот на април годинава согласност даде и македонската Комисија за хартии од вредност. Тогаш објавија дека трансакцијата за стекнување на акциите треба да се изврши во рок од 90 календарски дена од денот на добивање на согласноста од Комисијата.

„НЛБ Склади“, како што известија од Комисијата, во својата  стратегија за инвестирање и управување, ги елаборирале идните активности за друштвото кое го презема, како што се производите кои ќе се нудат, каналите на дистрибуција, политиката на вработување, финансиските проекции, промена на брендот и на корпоративно управување, како и стратегија на регионално проширување во рамки на групацијата.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра

ПЛАТИ 6 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА УМЕТНИЧКА БАНАНА: На крај ја изеде

ПЛАТИ 6 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА УМЕТНИЧКА БАНАНА: На крај ја изеде

ОВА ВО ЗИМА НЕНОРМАЛНО ЈА КАЧУВА СМЕТКАТА ЗА СТРУЈА: Никој не е ни свесен дека поради ова месечно се губат многу пари

ОВА ВО ЗИМА НЕНОРМАЛНО ЈА КАЧУВА СМЕТКАТА ЗА СТРУЈА: Никој не е ни свесен дека поради ова месечно се губат многу пари

ОВА СЕ НАЈЕВТИНИТЕ ГРАДОВИ ЗА НОВА ГОДИНА! За малку пари можете да уживате во целата магија на божиќните пазари

ОВА СЕ НАЈЕВТИНИТЕ ГРАДОВИ ЗА НОВА ГОДИНА! За малку пари можете да уживате во целата магија на божиќните пазари

ЕВЕ ГИ ЦЕНИТЕ ЗА СКИЈАЊЕ НА ПОПОВА ШАПКА: Промотивната цена важи уште денес!

ЕВЕ ГИ ЦЕНИТЕ ЗА СКИЈАЊЕ НА ПОПОВА ШАПКА: Промотивната цена важи уште денес!