Здружената македонска заедница во Канада собра 150 илјади долари за поплавените
Објавено во: Македонија 21 Септември, 2016
Иселениците преку Здружената македонска заедница во Канада собра 150 илјади долари за жителите на поплавените подрачја во Скопје.
Средствата биле донирани на неколку хуманитарни акции организирани од црквите на Македонската православна епархија, македонски организации во Канада, активисти, подржани од македонската Амбасада и Конзулат во Торонто собра над 150.000 канадски долари за помош на настраданите од поплавите во Скопје и околините места.
Најголемата поединечна донација во вредност од 50.000 канадски долари е од бизнисменот Крсте Ивановски. Здружената македонска заедница порача дека секогаш се спремни да му помогнат на својот народ иако не се наоѓаат во родната земја.