19 Декември, 2025
0.0536

ЖЕЛБА ЗА 2021 - Владо Бучковски: Очекувам сопругата Катерина успешно да ги заврши докторските студии

Објавено во: Македонија 08 Јануари, 2021 07:00

Добивај вести на Viber

Многу надежи за подобра година, многу посакувања, како никогаш досега очекувања да е подобра од претходната. Во 2021 година влегуваме сите со заедничка желба - овој здравствен предизвик да заврши. Пандемијата ги помести нашите очекувања, нашите приоритети се други, сите други желби имаат помала вредност. 2020 има лош знак, иако можеби за многумина беше и успешна. Успех е и да се зачува здравјето, да се помогне некому, добра работа е да се предизвика нечија насмевка. Такви луѓе има многу. Во деновите пред и по стартот на новата година Фактор објавува новогодишни изјави од медицински експерти, стопанственици, банкари, политичари – сите зборуваат за нивните очекувања во следната година.

Владо Бучковски е еден од профилите кои ја одбележаа 2020 во Македонија, а така се очекува да биде и во 2021. Владата му додели важна функција како специјален претставник да биде посредник во надминувањето на спорот со Бугарија. Покрај тоа, Бучковски е и поранешен премиер, претседател на СДСМ, но и правен експерт и професор по римско право. 

Оваа година очекува да заврши корона-кризата и да започнат преговорите со Европската унија. Има и работи кои го очекуваат на професионален план, надвор од политиката, а за неговите најблиски очекува да продолжат да напредуваат во кариерата и во училиштето.

„Најпрвин очекувам 2021 година да донесе победа над корона вирусот. Верувам во делотворноста на вакцините и очекувам конечно враќање во нормалноста...доста ни беше од ова"ново нормално" во кое бевме близу 9 месеци во оваа 2020 та.

Што посакувам за нашата држава? Пред се посакувам, но и очекувам да ги започнеме конечно преговорите за членство во ЕУ. Предуслов за тоа е решавањето на спорот со Бугарија. Јас како специјален претставник на Владата за Бугарија, имам сериозен предизвик да го олеснувам процесот на изнаоѓање на заедничко прифатливо решение за отворените прашања во поглед на исполнувањето на Договорот за пријателство и соработка од 1 август 2017 тата, но и да бидам мотивирачки фактор на нашиот преговарачки тим кој го предводат Премиерот Заев и Министерот Османи. Јас сум убеден дека ќе дојдеме до решение. Нема да биде лесно, но влогот е голем и едноставно мора да успееме! 

На професионален план, врзано за мојата универзитетска кариера, очекувам да ја завршам и да ја промовирам новата книга за Римското заложно право. Очекувам и реализација на проектот поврзан со формирањето и промовирањето на Институтот за споредбено право. 

Приватно...посакувам пред се добро здравје за моите најблиски. Очекувам сопругата Катерина да ги заврши успешно докторските студии, Дамјан да продолжи да напредува во кариерата, Виктор да дипломира на додипломските студии на Јустинијан Први, Матеј и Калин да продолжат да бидат одлични ученици и да бидат пример за нивните соученици, внукот Стефан да има безгрижно детство...На сите Ваши читатели им посакувам Среќна и бериќетна 2021 година!“ вели Бучковски.

Можеби ќе ве интересира

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци

„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци

ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите

ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило