Земете подарок 50€ и тргувајте со цената на акциите на Yahoo!
Објавено во: Мои пари 08 Јули, 2014
FXLider, специјално за читателите на "Фактор", подарува 50 евра како почетен капитал за тргување со цената на акциите на Yahoo и другите најголеми светски компании на светската берза.
Земете 50 евра и тргувајте на единствената берза на која можете да заработите и кога цените растат и кога цените паѓаат.
Земете 50 евра за тргување овде.
Во текот на минатата година акциите на Yahoo пораснаа за 32% така што имаа подобри резултати од повеќето акции на пазарот. Минатогодишниот раст ја потикна оваа акција поскапа во однос на акциите на слични компании, но Yahoo во секој случај успеа да ја оправда оваа проценка на пазарот и предвидува и понатамошен раст.
„Со голем бруто профит од 83.44% и раст во однос на истиот квартал минатата година, нето профитот на оваа компанија од 27.5% е над просекот во техничкиот сектор. Меѓутоа и покрај низа добри финансиски показатели постојат области во кои Yahoo дефинитивно може да го подобри своето работење. На пример заработката по акција е намалена во текот на последниот квартал. Пазарот сепак очекува Yahoo да го промени овој тренд и да ја зголеми заработката од $1.26 по акција на $1.64“ вели М-р Никола Димков, сениор експерт во FXLider.
На годишниот состанок на акционерите, Мариса Маер, главен извршен директор на Yahoo, се фокусираше на напредокот на компанијата во развојот на домашниот пазар за рекламирање и видео производи. Поточно Yahoo се обидува да се зголеми обемот на рекламирање со користење на Tumblr, социјалната мрежа која беше купена за 1,1 милијарда долари.
"Од друга страна, компанија Alibaba која неодамна објави дека иницијална јавна понуда (IPO), која е закажана за 8 август, има потенцијал да биде најголемата IPO во светот со 26 милијарди долари, и вкупната вредност од 220 милијарди долари. Акциите на Alibaba ќе бидат објавени на берзата под симболот "ABABA". Yahoo, што е меѓу најпосетените портали во САД, во 2005 година купи 40% од Alibaba за 1милијарда долари и се очекува дека на претстојниот IPO ќе продаде една третина од својот удел, кој сега изнесува околу 26,5%. Според сегашните проценки, сопственоста на Yahoo во оваа компанијата во моментов се проценува на 49.7 милијарди долари " вели М-р Никола Димков од FXLider.
За оние кои не знаат Alibaba е најголема интернет продавница на планетата. Во текот на 2013 година вредноста на онлајн трансакциите кои се процесираа преку неа надмина 248 милијарди долари, а бројот на корисници достигна 231 милион, а 70% од сите пакети кои се испрорачани во Кина се спроведени преку оваа компанија. Импресивните податоци сигурно го покренуваат прашањето за тоа кои се можностите за раст во иднина. Според проценките на економистите, и покрај огромниот успех што го направи компанијата, пред неа е уште подобра иднина. Се очекува дека во 2014 година околу 360 милиони Кинези да учествуваат во онлајн купување и тој број ќе се зголеми на 600 милиони до 2018 година. И покрај овој потенцијал Alibaba не завршува тука, бидејќи компанијата има глобални амбиции. На пример, Alibaba влегува на пазарот во САД, преку веб-сајтот за онлајн шопинг како "11main.com".
Во секој случај, постои силна корелација помеѓу ценовните движења на акциите на Yahoo и идното IPO Alibaba уште откако гласините почнаа да се шират на пазарот во 2013 година. Додека цената на акциите имаше многу успешна 2013 година каде двојно беше дуплирана, оваа година е сеуште прилично тивка со минимални промени во цената.
Како што е наведуваат во FXLider покрај приказната со Alibaba, една од целите на Yahoo е да стане медиумски конгломерат со што има и потенцијал, но со цел да се постигне ова потребни се уште некои дополнителни превземања. За сега, Yahoo се движи во вистинската насока преку развивање на рекламите преку мобилен, социјалните медиуми и видео маркетинг. Сепак, можеби сега најголемо влијание врз движењето на цените се поврзува со компанијата Alibaba, така што можеме да очекуваме ова лето да биде доста активно кога е во прашање цената на Yahoo.