15 Декември, 2025
0.0445

ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ПРОТИВ ЗАМРЗНУВАЊЕТО: Ќе пропаднеме! Економистите: И пекарите се закануваа со затворање, ама никој не затвори

Објавено во: Економија 04 Април, 2023 07:48

Добивај вести на Viber

Цените на 11 земјоделски производи од утре ќе бидат замрзнати согласно последната одлука на Владата. Претходно и други произвoди добија „плафон“ меѓу кои и лебот, макароните, јајцата, оризот... Одлуката за замрзнување на цените дел од економистите сметаат дека била нужна и дека истата иако нема да го подобри животниот стандард на граѓаните веднаш, но барем ќе спречи понатамошно влошување.

За земјоделците одлуката е погубна за секторот, истакнуваат дека со последното замрзнување тие се обесправени, но и дека ова води кон затворање на оранжерии и замирање на градинарското производство во земјава бидејќи мораат да продаваат под производната цена.

- Репроматеријалите поскапеа за 50 отсто, енергенсите, вклучувајќи ја и струјата поскапеа 4 пати. Влезните трошоци се превисоки, а има силна конкуренцијата од Албанија, Грција и Турција кои имаат поблага клима и не користат енергенси за затоплување. Нивниот производ во старт е поевтин, а дополнително со увозните поволности станува многу поконкурентен од домашното производство. Градинарското производство секоја година опаѓа поради високите трошоци, климатските промени и од недостиг на работна сила, а субвенциите за раноградинарското производство се ниски. Тоа може да се види во практика каде што висината на годишните субвенции за оранжериите се трошат за загревање само за една ноќ на една оранжерија – велат сопственици на оранжерии. Сметаат дека Владата, ако сака да ја регулира цената на градинарските производи треба да го откупи целокупното производство по производна цена, плус заработка, па потоа да утврдува висина на цена.

Здравко Савески, економист и познат заштитник на правата на граѓаните за Фактор потенцира дека замрзнувањето на цената на првиот производ во земјва откако почна бранот на Владата со одлуките за замрзнување, веќе покажал дека одлуките се сосема оправдани и издржани.

-Прв производ од групата на продукти со замрзнати цени е лебот и тој покажува дека и покрај утврдениот плафон, компаниите и понатаму работат со заработка. Дополнително не може да е бориме со зголемена инфлација без мерки. Со овие одлуки Владата покажа дека има знаење да утврди цени кои ќе бидат и со профит и за производителите и за трговците, односно ќе бидат поприфатливи за граѓаните, но и и со заработка за компаниите.

Ова е одлука која нема да биде на терет на граѓаните, но ова не значи дека преку ноќ ќе им се подобри животниот стандард на граѓаните, бидејќи инфалцијата не се намалува веднаш, ниту пак со неколку производи – укажува Савески за Фактор.

 Савески потенцира дека ако не биле преземени некакви мерки за сузбивање на „ценовното цунами“ тогаш ќе биде уште полошо по однос на животниот стандард на граѓаните, и дополнува дека и покрај тоа што се замрзнати производите на повеќе продукти има простор и во иднина да се замрзнат цените и на други производи.

- Дека состојбите не се така црни се гледа и од изјавите на капиталистите, кои многу пати досега изјавија дека ќе затворат, дека цените кои им ги наметнува Владата се цени со кои ќе работат под прагот на рантабилност и ќе мора да ги затворат објектите за производство. Но, еве и по еден месец откако слушнавме дека капиталистите од пекарската индустрија ќе затворат поради замрзнатата цена на лебот, се покажа дека не е така. Никој не затворил. Капиталистите, самиот капитализам е таков, секогаш ќе се трудат да го зголемат максимално својот профит, па дури и ќе се обидат да го покажат како загуба ако не остварат големи заработки. Досега многупати слушнавме за апокалиптичните сценаијра со кои се предвидува крај на производиството, но сето тоа се покажа како неточно – потенцира Савески.

 За потсетување Владата вчера донесе одлука со која се замрзнува цената на 11 земјоделски продукти. Највисоки цени се утврдени на доматите, краставиците, пиперките, карфиол, гравот, леќата, бананите, портокалите, мандарините и лимоните. Како што посочи министерот за економија Крешник Бектеши, во утврдените цени предвидени се и маржи од над 40 проценти.

-Почнувајќи од 5 април свежите домати нема да може да се продаваат повеќе од 70 денари, краставиците нема да може да се продаваат повеќе од 75 денари. Највисоката цена на кромидот ќе изнесува 60 денари, за карфиолот 70 денари, пиперките 90 денари, највисока цена на гравот е утврдена 75 денари, за леќата 110 денари, бананите 70 денари, портокалите 55 денари, мандарините 60 денари и лимонот  55 денари - кажа Бектеши.

Петранка Огнаноска

Можеби ќе ве интересира

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден