Земјотрес почувствуван во Карбинци
Уште еден потрес во Македонија, овојпат во источниот дел на земјата.
Објавено во: Македонија 21 Септември, 2016
Земјотрес попладнево повторно ја стресе Македонија.
Тој бил со јачина од 2.1 степен според Рихтеровата скала и е регистриран во околината на Карбинци во 12:57 часот.
Вчера во скопско се регистрирани два послаби земјотреси, а серија потреси имаше и околу 11 септември во Скопје, но истите беа почувствувани и во другите градови во Македонија.
Граѓаните се во паника по секој нов потрес.