18 Декември, 2025
0.0805

ЖЕНА ОД ДУЛИЦА ЌЕ ПОЛНИ 101 ГОДИНА: Таа има свој рецепт за долговечност

Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2019 17:55

Добивај вести на Viber

Во селото Дулица  на 5 километри од Македонска Каменица живее Пракса Златкова, жената која в петок ќе наполни 101 година, и ќе навлезе во 102-та година од својот живот.

Таа е најстар жител во општината, но сигурно е и меѓу најстарите во земјава. Нејзиниот внук Оливер Стојковски вели дека таа е долговечна затоа што живеела здрав живот на село, јадела здрава храна, се занимавала со земјоделство, и за разлика од денешните генерации кои се изложени на стрес, таа имала поспокоен живот. Родила пет деца, а денес има многу внуци, но и правнуци.

„Ние сме радосни затоа што жената доживеа длабока старост, бидејќи да се живее еден век навистина е реткост, но од староста таа го изгуби видот. Таа секогаш вели дека е долговечна затоа што така ѝ пишал Господ, но во тоа време јадела здрава храна, ништо не било прскано, а не како ние денес младите не можеме без месо и храна полна со маснотии. Работела земјоделска работа, одела на жетва, во тоа време се жнеело рачно, а денес живее од пензијата на сопругот“, вели нејзиниот внук.

Додава дека во селото има уште еден жител, маж кој има над 90 години, а Дулица денес брои околу 120 жители. Стојковски вели дека во семејната лоза претходно немале предок кој доживеал сто години.

„Сакаме и ние да доживееме длабока старост, зошто да не? Но, на тие години човек станува како дете“, додава тој.

Пракса е родена во 1918 година. Лани по повод 100-от роденден на жената беше приредена мала прослава на која присуствуваше и градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова. Таа на својата најстара сограѓанка тогаш ѝ посака многу здравје и уште многу радости во животот. На нејзината фамилија уште многу причини за славење, со желба да прослават уште многу родендени заедно.

Во Македонија статистиките покажале дека жените живеат подолго од мажите.

Очекуваниот животен век на просечен граѓанин на Македонија е 75,4 години, што е за 5,6 години пократко од жителите на ЕУ кои во просек живеат 81 година, покажува истражување на Еуростат.

Најдолг животен век во Европа, според проценките на Еуростат, се очекува да имаат Швајцарците 83,7 години и Шпанците 83,5 години, а најкраток Бугарите и Литванците 74,9 години.

Од државите во регионот најдолг очекуван животен век имаат Грците 81,5 и Словенците 81,2 години. Просечниот очекуван животен век на граѓаните на Албанија е 78,5, на Црна Гора 76,5, а на Србија 75,7 години.

Сања Атанасовска

фото Општина Македонска Каменица

Можеби ќе ве интересира

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

Грчкото МНР со реакција по изјавата на Мицкоски: Во меѓународните договори нема де факто ситуации

Грчкото МНР со реакција по изјавата на Мицкоски: Во меѓународните договори нема де факто ситуации

ИНТЕРВЈУ СО ПЕТАР ДЕНКОВСКИ: „Инвестицијата во Гевгелија е потврда дека остануваме сериозен партнер кој верува во потенцијалот на домашниот пазар“

ИНТЕРВЈУ СО ПЕТАР ДЕНКОВСКИ: „Инвестицијата во Гевгелија е потврда дека остануваме сериозен партнер кој верува во потенцијалот на домашниот пазар“

(ВИДЕО): ОД 5 ЧАСОТ УТРОВО СЕ РУШИ ДИВОГРАДБА ВО ИНЏИКОВО: Стефковски ги предупредува граѓаните

(ВИДЕО): ОД 5 ЧАСОТ УТРОВО СЕ РУШИ ДИВОГРАДБА ВО ИНЏИКОВО: Стефковски ги предупредува граѓаните

„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат

„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат

„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ

„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ

Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште

Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште