16 Декември, 2025
0.1156

Жена за прв пат ќе командува со единица на АРМ

Објавено во: Македонија 16 Мај, 2018 09:47

Добивај вести на Viber

Александра Бошковска, поручникот на АРМ по вчерашното преземање на должноста командир на првата чета во првиот механизиран пешадиски баталјон во Куманово, стана прва припадничка во досегашната историја на АРМ која ќе командува со единица во чија мисија е извршување и борбени задачи.

Како што соопштија од АРМ за МИА, во период од 20 април до 11 мај 2018 година поручникот Александра предводела единица во јачина на еден вод која учествувала на меѓународната теренска вежба „ЕФЕС 2018“ во Измир, Република Турција, за чие учество од страна на организаторот биле искажани пофални зборови.

Поручник Бошковска воена академија завршила во 2014 година во Скопје. Водот со кој командуваше и работеше, во 2016 година на одбележување ден на единицата, а врз основ на критериумите и спроведените интерни процедури беше избрана за најдобар вод во баталјонот за што доби пехар и знаме за најдобра единица.

Од АРМ информираат дека придржувајќи се до Програмата за еднакви можности на мажите и жените во Министерството за одбрана и АРМ, бројот на припаднички на АРМ постојано се зголемува достигнувајќи го сегашното ниво од речиси девет отсто од севкупниот состав на АРМ. Од вкупниот офицерски кадар на АРМ, 13,73 отсто се жени.

Во АРМ две жени имаат офицерски чин – полковник, а поголем број се со чинови потполковници и мајори.

Покрај првото поставување на командирска должност на припадничка на АРМ во борбена единица, имаме жена командант на Воено Медицинскиот центар (во ранг на баталјон), заменик на командант на логистички баталјон, како и командири на две чети кои извршуваат борбено сервисна поддршка.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење