21 Декември, 2024
0.0280

Зендели: Ако измените на Кривичниот законик поминат, сегашната власт ќе може на Груевски да му резервира билет

Објавено во: Македонија 06 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Груевски без око да му трепне ќе се врати со предложените измени на Кривичниот законик, вели пратеникот Фадил Зендели. 

Тој со поддршка од пратениците од Алтернатива, Движњето Беса и Демократското движење денеска го изнесе ставот на овие партии дека со предложените измени на Кривичниот законик ќе се овозможи поранешниот премиер Никола Груевски да се врати во Македонија без „око да му трепне“ и дека, како што рече, со таква цел и се предложени дел од измените кои, како што нагласи, ќе се обидат да ги спречат со поднесување на амандмани. 

„Ако измените поминат, сегашната власт ќе може на Груевски да му резервира билет за Скопје и да го пречека со сите почести“, рече Зендели.

Тој потоа објасни детално како Груевски ќе може слободно да се врати во Македонија. 

„Груевски се спаси од затвор кога беше осуден на две години затвор за предметот на СЈО 'Тенк'. За предметот 'Титаник' кој е во тек, со сегашниот Кривичен законик може да биде осуден до десет години, ама со новата измена може да се осуди до две или три години затвор. За предметот 'ТНТ' тој е осуден на 9 години затвор. За предметот 'Насилство во Општина Центар' е осуден на 1 година и 6 месеци затвор. Уште нема пресуда за предметот 'Феникс', а предметот 'Талир' се врати на почетокот на постапката. За предметот '27 април' постапката за Груевски е прекината. За предметот 'Талир 2' е осуден на 6 години затвор, а моментално предметот е во Апелациониот суд. Предметот 'Траекторија' е веќе застарен, а за предметот 'Плацеви на Водно' е осуден на 7 години затвор. Меѓутоа, со овие предлог-измени во Кривичниот законик, што ги предлага власта на СДСМ-ДУИ-АА, сите овие казни што му се изречени на Груевски и тие што може да следат, паѓаат во вода. За сите предмети во кои е осуден или му се суди во отсуство, тој може да бара повторување на постапката, додека – а со овие измени на Кривичниот законик – сите предмети во тој случај ќе бидат прогласени за застарени, па така на Груевски, евентуално, може да му се суди само за предметите 'Тенк' и 'Насилство во Општина Центар', кои не предвидуваат казна затвор од повеќе од три години, но со овие трикови и манипулации со правдата, како што знае само триото Ковачевски-Ахмети-Таравари, убедени сме дека ќе успеат да го спасат целосно, па дури и да му платат отштета и да го прогласат за херој“, рече Зендели.

Пратениците на опозицијата се против предложените измени на Кривичниот законик во Собранието, за кои велат дека власта прави уште една злоупотреба при носењето закони со европско знаменце по скратена постапка. Сметаат дека ова е со цел да спаси свои функционери од кривично гонење. Повеќе делови од предложените измените на Кривичниот законик главно се однесуваат на измени на членови кои ги засегаат функционери, службени и одговорни лица во јавни претпријатија и установи, иако во истиот се предлагаат и измени на членови кои се однесуваат на загрозување на животната средина.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„БЕБЕТО ДЕНОТ БИЛО ПРЕГЛЕДАНО ОД СПЕЦИЈАЛИСТИ И БИЛО ВО ДОБРА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА“ - директорот на Детска, Мемеди, тврди дека грижата била професионална

„БЕБЕТО ДЕНОТ БИЛО ПРЕГЛЕДАНО ОД СПЕЦИЈАЛИСТИ И БИЛО ВО ДОБРА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА“ - директорот на Детска, Мемеди, тврди дека грижата била професионална

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ВОДОВОД СО ГОЛЕМО СООПШТЕНИЕ: Полнењето е почнатои и се очекува притисокот да се стабилизира за неколку часа

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ВОДОВОД СО ГОЛЕМО СООПШТЕНИЕ: Полнењето е почнатои и се очекува притисокот да се стабилизира за неколку часа

„ЗА НАС ПОМЛАДИТЕ БЕШЕ КАКО ТАТКО, ПОЧИВАЈ ВО МИР ДРАГ ПРОФЕСОРЕ“ - почина професорот Љупчо Арнаудовски

„ЗА НАС ПОМЛАДИТЕ БЕШЕ КАКО ТАТКО, ПОЧИВАЈ ВО МИР ДРАГ ПРОФЕСОРЕ“ - почина професорот Љупчо Арнаудовски

ТИЕ ШТО ИМААТ ВОДА ИМААТ, А ТИЕ ШТО НЕМААТ ДА НЕ БРЗААТ КОГА ЌЕ ДОЈДЕ - еве какви препораки даде Институтот за јавно здравје

ТИЕ ШТО ИМААТ ВОДА ИМААТ, А ТИЕ ШТО НЕМААТ ДА НЕ БРЗААТ КОГА ЌЕ ДОЈДЕ - еве какви препораки даде Институтот за јавно здравје

ПРОФЕСОРОТ КОЖУХАРОВ Е 64 ГОДИШНИОТ СКОПЈАНЕЦ КОЈ БЕШЕ ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ ВО АВТОМОБИЛ ВО РЕКА - немало видливи траги на насилство

ПРОФЕСОРОТ КОЖУХАРОВ Е 64 ГОДИШНИОТ СКОПЈАНЕЦ КОЈ БЕШЕ ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ ВО АВТОМОБИЛ ВО РЕКА - немало видливи траги на насилство

ОБДУКЦИСКИОТ НАОД УШТЕ НЕ Е ГОТОВ, А СЕ БАРААТ И ДОДАТНИ ЛАБОРАТОРИСКИ АНАЛИЗИ - Обвинителството ја испитува смртта на скопјанецот кој со колата беше пронајден во река

ОБДУКЦИСКИОТ НАОД УШТЕ НЕ Е ГОТОВ, А СЕ БАРААТ И ДОДАТНИ ЛАБОРАТОРИСКИ АНАЛИЗИ - Обвинителството ја испитува смртта на скопјанецот кој со колата беше пронајден во река

„ТОЈ Е ВО АЛБАНИЈА, А НЕ НА КОСОВО, НО НЕ Е НИ ВАЖНО, СО БЕГСТВОТО ЈА ДОКАЖА ВИНАТА“ - Меџити со информации за Груби

„ТОЈ Е ВО АЛБАНИЈА, А НЕ НА КОСОВО, НО НЕ Е НИ ВАЖНО, СО БЕГСТВОТО ЈА ДОКАЖА ВИНАТА“ - Меџити со информации за Груби

ЗАСНЕЖИЈА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА НА СКОЈПЕ, СНЕГ ЌЕ ИМА И НА ПЛАНИНИТЕ - ова е временската прогноза

ЗАСНЕЖИЈА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА НА СКОЈПЕ, СНЕГ ЌЕ ИМА И НА ПЛАНИНИТЕ - ова е временската прогноза

ДАЛИ ПРИЛЕПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СЕ ПОДНОВИ СО СЛУЖБЕНА КОЛА ОД 65 ИЛЈАДИ ЕВРА - прилепските млади социјалдемократи обвинуваат

ДАЛИ ПРИЛЕПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СЕ ПОДНОВИ СО СЛУЖБЕНА КОЛА ОД 65 ИЛЈАДИ ЕВРА - прилепските млади социјалдемократи обвинуваат