19 Декември, 2025
0.0569

Жестока расправа и судир на СЈО со судијката: Основен не памети ваков однос на обвинители

Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2017 14:56

Добивај вести на Viber

„Во досегашното 72 годишно постоење на Основниот суд Скопје 1 – Скопје не се памети вакво однесување и непочитување на Јавен обвинител во судница, како кон судот, судската власт така и кон судијата кој ја води постапката како што присутните можеа да го видат на денешното судење по предметот на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои приозлегуваат од незаконското следење на коминукациите (СЈО) против 14 обвинети лица за кривичното дело Насилство“, соопштуваат од Основниот суд по повод денешното рочиште за насилствата во Центар а на кое му се судеше на лидерот на ВМОР ДПМНЕ Никола Груевски.

Ова судење денеска беше второ, но и ова се одложи.

Никола Груевски судот го напуштил насмеан откако имало жестоки расправи на јавните обвинителки и судијката Михајлова.

„Судечкиот судија мирно и достоинствено како што доликува на вршител на судската власт, на записник го нотираше секој збор и навреда упатена кон неа лично како судија и судот пред кој се води постапката, при што за ваквото однесување повеќе пати ги опомена јавните обвинителки, како странка во постапката, да се воздржат од навреди и да постапуваат во рамките на професионалната етика. Но и покрај опoмените истите не престанаа да навлегуваат во збор на судијата, да го навредуваат, а со тоа да го нарушуваат редот во судницата и да не дозволат судијата непречено и сконцентрирано да слуша што се зборува во судницата и да го води записникот кој меѓудругото се доставува и до самите обвинители“, посочуваат од Кривичниот суд преку соопштение до јавноста.

Двете јавни обвинителки Катица Јанева и Фатиме Фетаи добија казни од по 2000 евра, а како што пренесоа медиумите тие ја обвиниле судијката дека направила фалсификат на записникот од минатото рочиште за судењето на насилните протести пред општина Центар.

Судскиот процес се однесува на нарачаните шамари за градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и насилните протести пред општината.

Од Специјалното јавно обвинителство засега не го коментираат погоре наведеното.

Можеби ќе ве интересира

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци

„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци

ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите

ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило