04 Декември, 2024
0.0286

ЗЕТОТ НА ТРАМП СО ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА ВО СРБИЈА: „Сè што прави Вучиќ е подготовка за доаѓањето на овој човек на власт“

Објавено во: Балкан 10 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Угледниот Фајненшл Тајмс направи голема анализа на надворешната политика на Србија и на претседателот Александар Вучиќ, кој, да потсетиме, често го нарекуваат дека седи на неколку столчиња одеднаш и постојано му се предвидува дека ќе сигурно ќе падне во одреден момент, но тоа во никој случај не се случува. ФТ оценува дека Србија во моментов гради блиски врски со тимот на Доналд Трамп, иако во исто време се обидува да ја следи средишната патека во, како што велат, сè помултиполарниот свет.

ФТ тргнува од најавениот проект за влез на американскиот капитал во Србија, со нагласено големи амбиции, барем како што беше најавено. Веќе 25 години во центарот на српската престолнина Белград, истакнува ФТ, доминира делумно изгорената зграда на Министерството за одбрана на поранешна Југославија, која намерно беше оставена како што беше откако беше уништена од бомбите на НАТО во 1999 година за време на војната на Косово.

Но, по сите овие години, овој, како што се наведува, храмот на српскиот национализам, наскоро ќе биде урнат и претворен во блескав хотелски и апартмански комплекс. А инвеститорите се од САД, стар противник на Белград, кој во 90-тите два пати водеше воени интервенции на НАТО за да ја спречи српската агресија во регионот. Покрај тоа, инвеститори не се коИ било, туку Џаред Кушнер, зетот на Доналд Трамп и негов поранешен висок советник за време на неговиот мандат во Белата куќа, кој раководи со Affinity Partners, инвестицискиот фонд поддржан од Саудиска Арабија, кој стои зад договорот, и Ричард Гренел, истакнат поранешен функционер на администрацијата на Трамп, поранешен амбасадор во Германија, а потоа и специјален пратеник на Трамп за Балканот, кој одржува блиски врски со поранешниот американски претседател и кој помогна во посредувањето во овој случај.

Според аналитичарите, овој договор е пример како една мала земја, која се претставува како „неврзана“, односно независна од туѓите политики, може да се подготви за евентуалното враќање на Трамп во Белата куќа. Но, тоа го одразува и зголемениот фокус на Западот кон Србија во време кога нејзиното одвојување од нејзината историска сродна душа, Русија, стана приоритет за Западот.

Дури и додека работеше со сојузниците на Трамп - и сè повеќе со администрацијата на Џо Бајден - Вучиќ негуваше односи поврзани со инвестициите со големиот американски ривал, Кина. Тој, исто така, ја одржуваше жива сентименталната врска меѓу Белград и Москва, иако главно преку неговите полномошници, додека го држеше рускиот претседател Владимир Путин на дистанца. Српските националисти, моќна сила на внатрешната политичка сцена на Србија, ја гледаат Русија како сродна словенска душа.

Србите имаат истовремено „пресметана“ љубов кон Кина, вели Срѓан Богосављевиќ, шеф на водечката компанија за истражување на јавното мислење во Србија, и „ирационална“ љубов кон Русија. Според тоа, Србија е една од двете европски земји - другата Белорусија - кои не ги поддржуваат западните санкции против Русија. Што се однесува до Пекинг, Србија и Унгарија се единствените две европски земји кои кинескиот претседател Си Џинпинг ги посети во мај по неговата државна посета на Франција. Кина инвестираше многу во Србија и често е на врвот на српското јавно истражување како најпопуларна странска сила.

Од друга страна, во исто време, Вучиќ негуваше врски со францускиот претседател Емануел Макрон и се залага за соработка со ЕУ за да помогне во развојот на потенцијално најголемиот рудник за литиум во Европа, во западна Србија, проект вреден неколку милијарди евра. Вучиќ исто така повторува и посочува дека негова цел е членство во ЕУ, најголемиот трговски партнер на Србија. Земјата е кандидат веќе 12 години, но постигна мал напредок во надминувањето на загриженоста на ЕУ за нејзината посветеност на владеењето на правото и нерешениот статус на поранешната српска покраина Косово.

„Да опфати сè“

„Вучиќ има „сеопфатна“ политика“, вели Иван Вејвода, соработник на Институтот за хуманистички науки во Виена. „Еден момент имате кога Си (Џинпинг, кинескиот претседател) е во посета. Потоа... неколку дена подоцна (украинската прва дама Олена) Зеленска и (украинскиот министер за надворешни работи) Дмитро Кулеба. Потоа оди во Рускиот културен центар и дава ревизионистички говор, а потоа, два дена подоцна, тој е во ЕУ и зборува за плановите за раст“, ​​вели Вејвода.

На прашањето дали верува во ЕУ, Вучиќ дава одговор во завиена форма. „Јас не сум некој што тоа го брани или напаѓа“, вели тој. „Кога ќе видите дека луѓето многу ревносни ја напаѓаат ЕУ, јас не сум таму бидејќи овие луѓе не се рационални. Но, кога гледам хистерија за таканаречените вредности на ЕУ, го правам истото“, вели Вучиќ и додава дека во ЕУ има премногу колективно размислување. „Ако одите на состаноците, тоа ќе биде голем проукраински собир. Ако некој не го каже она што сите го очекуваат, тоа е како да е натрапник... Никој не сака да слуша различни мислења“. Од друга страна, Вучиќ раскажува како шеф на една од новите држави-членки на БРИКС - групата на нови сили предводени од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка - му предложил да се приклучи, врз основа на аргументот дека Западот слабее, но тој ја одбил понудата. „Му реков дека сме на пат кон ЕУ“.

Западните дипломати и регионалните аналитичари сметаат дека српскиот претседател е наклонет кон Запад. Во своето интервју за ФТ, тој го објасни својот став против санкциите кон Русија кои всушност произлегуваат од неговата одбивност кон такви мерки кои и беа наметнати на Србија за време на војните во поранешна Југославија во 1990-тите. Тој, исто така, потврдува дека дискретно му помогнал на Киев продавајќи муниција на трети страни кои потоа завршиле во украинските вооружени сили. „Вучиќ не е ниту руски штитеник, ниту „мал Путин“, како што понекогаш го прикажуваат“, вели Вејвода. „Дали повеќето Срби го сакаат Путин? Да. Дали им се допаѓа Русија? Да. Но, на прашањето каде сакаат да патуваат, сите сакаат да одат во Западна Европа“, додава тој.

Вучиќ, како што пишува ФТ, најдобро би можело да се опише како камелеон. Почна во политиката како екстремен националист и иако зазема централно место, сепак редовно игра на националистичка карта за да добие поддршка од десницата, а неодамна беше домаќин на т.н. Сесрпско собрание во Белград. За неговите критичари, тој малку се разликува од нелибералниот унгарски премиер Виктор Орбан, обожавател на Трамп кој ги омаловажува позициите на ЕУ и НАТО за Украина.

Инаку, администрацијата на Бајден инвестираше време и пари за да го доведе Вучиќ во кампот на Западот и поддржа амбициозен проект за соларна енергија во Србија. Сепак, според ФТ, нема сомнеж дека Трамп би бил поприроден партнер за Вучиќ од Бајден. „Тој верува дека ако Трамп победи, тоа ќе биде добро за него“, вели еден европски дипломат, но Вучич одговара поинаку: „Јас не сум толку голем лидер како многу други во Европа кои заземаат страна, мојот пријател Виктор е 100 отсто на страната на Трамп. Моите пријатели од Брисел се 100 отсто на страната на Бајден. Јас не сум. Јас сум на српска страна и ги чекам резултатите“, вели Вучиќ во свој стил.

Finacial Times

EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ: Бараат да го признаеме Косово, ние не сме заинтересирани

ВУЧИЌ: Бараат да го признаеме Косово, ние не сме заинтересирани

РИКЕР: Потрошивме многу време фокусирајќи се на Балканот

РИКЕР: Потрошивме многу време фокусирајќи се на Балканот

ХОРОР ВО ХРВАТСКА - во семеен двор пронајдени телата на две новороденчиња

ХОРОР ВО ХРВАТСКА - во семеен двор пронајдени телата на две новороденчиња

ВУЧИЌ ЗА ПРОТЕСТИТЕ ВО НОВИ САД: Во Србија нема да има македонско сценарио

ВУЧИЌ ЗА ПРОТЕСТИТЕ ВО НОВИ САД: Во Србија нема да има македонско сценарио

ПОВРЕДА НА ДЕСНОТО ОКО СО ГУБЕЊЕ НА ВИДОТ И ИЗГОРЕНИЦИ ПО ЛИЦЕТО - 14-годишно момче од Загреб со тешки повреди од петарда

ПОВРЕДА НА ДЕСНОТО ОКО СО ГУБЕЊЕ НА ВИДОТ И ИЗГОРЕНИЦИ ПО ЛИЦЕТО - 14-годишно момче од Загреб со тешки повреди од петарда

ВУЛИН: Само српскиот свет е бариера за „Голема Албанија“

ВУЛИН: Само српскиот свет е бариера за „Голема Албанија“

(ВИДЕО) ОШТЕТЕНИ ЗГРАДИ, УРНАТИ МОСТОВИ: Се судрија и два брода во Грција

(ВИДЕО) ОШТЕТЕНИ ЗГРАДИ, УРНАТИ МОСТОВИ: Се судрија и два брода во Грција

МАЖ ПАДНАЛ ВО ПРОВАЛИЈА: Уште една жртва на невремето во Грција

МАЖ ПАДНАЛ ВО ПРОВАЛИЈА: Уште една жртва на невремето во Грција

БОСАНСКИОТ БУРЕК СЕГА СЕ ПРОДАВА ВО НАЈГОЛЕМИОТ СИНЏИР НА МАРКЕТИ ВО СВЕТОТ: „Ти благодариме Един за партнерството“

БОСАНСКИОТ БУРЕК СЕГА СЕ ПРОДАВА ВО НАЈГОЛЕМИОТ СИНЏИР НА МАРКЕТИ ВО СВЕТОТ: „Ти благодариме Един за партнерството“