29 Јануари, 2025
0.0395

Зголемен бројот на патници за 75% во последните пет години

Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Двата аеродроми „Александар Велики“ во Скопје и „Св.Апостол Павле“ во Охрид  бележат пораст за 75 проценти на бројот на патниците во последните пет години.

Од 729.297 патници во 2010 година лани вкупната бројка достигна 1.278.343 патници. На скопскиот аеродром растот на превезенеи патници е за 76,7 проценти, од 684.905 во 2010, на 1.210.509 минатата година.

Според  генералниот директор на „ТАВ Македонија“ Зоран Крстевски, компанијата постигнала значителен развој во авиосообраќајот во Македонија.

„Денес од Скопје може да се лета кон вкупно 26 дестинации во Европа и една кон Дубаи, што е значајна разлика во однос на состојбата која беше затекната во 2010-та, кога главниот град имаше воздушно поврзување со само 10 градови, рече денеска на средбата со новинарите Крстевски.

Во истиот период  и бројот на авиокомпании кои летаат од „Александар Велики“ е повеќе од двојно зголемен. Моментно од Скопје летаат 12 авиопревозници, од кои три се нискобуџетни. Со петте нови дестинации од Скопје и двете од Охрид, кои од средината на годинава ќе ги воспостави „Визер“, како и уште неколку нови рути од „Александар Велики“ кои се во најава, менаџментот на „ТАВ Македонија“ очекува годинава да ја заокружи со десетина нови авиолинии, што ќе придонесе за натамошен пораст на вкупниот авиосообраќај.

Според договорот за субвенционирани нискобуџетни летови што во јануари годинава го потпиша македонската Влада со „Виз ер“ од крајот на јуни и почетокот на јули ќе има летови од Скопје до Барселона, Осло, Хамбург, Нирнберг, Фридрихсхафен, како и од аеродормот во Охрид до Базел. Дополнително, како што рече Крстевски, од 4 март ќе има линија за Женева и заедно со чартер линиите во тек на летните одмори можеме да кажеме дека се зголемува понудата на директните линии, што е значителна разлика од 2010 година кога го презедовме управувањето со аеродромите.

Во последните пет години вкупниот карго-сообраќај на двата аеродроми во Македонија, според статистиката, се зголемил за 57 проценти. Карго сообраќајот во минатата година на скопскиот аеродром се зголемил за 33 проценти или од 2.686 тони во 2013, лани авионски биле превезени стоки тешки 3.580 тони.

Според статистиката на ТАВ Македонија, моментно најфрекфентна дестинација од аеродромот во Скопје е Истанбул, со 15,7 проценти пазарен удел, а по неа следат Виена, Цирих, Базел-Милхаус, Малме, Лондон-Лутон и Белград. Топ-држави со директни летови се Турција (17,25 проценти пазарен удел), Германија (14,46 проценти), Швајцарија(13,75 проценти), Шведска (11,52 проценти), Австрија (8,2 проценти) и Италија (7,6 проценти). Нискобуџетната „Визер“ лани превезла најголем број патници со 46,3 проценти пазарен удел, а по неа следуваат „Туркиш ерлајнс“, „Аустријан ерлајнс“, „Ер Србија“, „Пегасус ерлајнс“ и „Еделвејс“.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДЕН РАБОТНИК НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО „СКРАТЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ“ – ОВА Е ДИНО: Патувањето е вистинско задоволство откако ќе го погалите златниот ретривер

ВРЕДЕН РАБОТНИК НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО „СКРАТЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ“ – ОВА Е ДИНО: Патувањето е вистинско задоволство откако ќе го погалите златниот ретривер

МЕДИТЕРАНСКИ ВЛАЖЕН БРАН НА НЕБОТО НАД МАКЕДОНИЈА: Еве што да очекувате денес и утре

МЕДИТЕРАНСКИ ВЛАЖЕН БРАН НА НЕБОТО НАД МАКЕДОНИЈА: Еве што да очекувате денес и утре

ФИЛИПЧЕ: Најавениот бојкот на маркетите е најголем пораз на погрешните политики на власта

ФИЛИПЧЕ: Најавениот бојкот на маркетите е најголем пораз на погрешните политики на власта

МИЦКОСКИ КАЖА КОЛКУ СОВЕТНИЦИ ИМА: Колкави се нивните хонорари?

МИЦКОСКИ КАЖА КОЛКУ СОВЕТНИЦИ ИМА: Колкави се нивните хонорари?

ЖЕНАТА Е УАПСЕНА: Скопјанка го држела дома 12-годишникот кој го нападнал нејзиниот син

ЖЕНАТА Е УАПСЕНА: Скопјанка го држела дома 12-годишникот кој го нападнал нејзиниот син

САШКО КОЦЕВ: Не сум прегазил полицаец, јас воопшто не знаев дека тоа е полиција

САШКО КОЦЕВ: Не сум прегазил полицаец, јас воопшто не знаев дека тоа е полиција

Значително зголемена наплатата од функционерите и службениците кои јадат во владините бифеа

Значително зголемена наплатата од функционерите и службениците кои јадат во владините бифеа

СКОРО 70 ВОЗИЛА ИСКЛУЧЕНИ ОД СООБРАЌАЈ - еве што утврди акцијата за намалување на загадувањето

СКОРО 70 ВОЗИЛА ИСКЛУЧЕНИ ОД СООБРАЌАЈ - еве што утврди акцијата за намалување на загадувањето

БОЈКОТ И ВО МАКЕДОНИЈА, СЕ ПРИДРУЖУВАМЕ НА ХРВАТСКА ПРОТИВ СКАПОТИЈАТА: „Во петок да не се купува ништо од големите маркети“

БОЈКОТ И ВО МАКЕДОНИЈА, СЕ ПРИДРУЖУВАМЕ НА ХРВАТСКА ПРОТИВ СКАПОТИЈАТА: „Во петок да не се купува ништо од големите маркети“