15 Јануари, 2025
0.0367

Зголемени субвенциите за проектот „Купи куќа, купи стан“

Објавено во: Економија 07 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Владата ги подобри условите за проектот „Купи куќа, купи стан“, зголемувајќи ги субвеницијата од  50 на 75 проценти  за изградба на нова куќа. Субвенцијата со новите измени ќе достигне и до 15 илјади евра, а целта е дополнително да се стимулира продажбата на куќи.

Измените, како што соопшти денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, Владата ги донесе на последната седница, а ќе се однесуваат на новоодбрените кредити по нивното стапување во сила.

- Согласно новите измени во моделот половина рата, Владата ќе субвенционира 75 проценти, наместо досегашните 50 проценти од месечниот ануитет. Притоа, субвенцијата за кредит за изградба или купување нова куќа во висина од 50.000 евра ќе изнесува 15.030 евра, рече Ставрески.

Во моделот половина учество, нагласи, досега поддршката беше 50 проценти, а сега е исто така 75 проценти како и кај претходниот модел со што на кредит од 50.000 евра субвенцијата ќе изнесува 9.375 евра.

- Веруваме дека овие измени ќе придонесат за поголемо користење на средствата од овој проект за изградба на куќа, што исто така ќе придонесе  и за развој на типски населби кои во изминатиот период ги промовираат општините, а се новитет во Македонија, истакна Ставрески.

Тој информира дека новина е и тоа што се предвидува можност кредитот да се врати предвреме, а притоа да не се врати добиената субвенција. Таквата можност е дадена по 10-тата година од отплата на кредитот

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

ИМ ТРЕБААТ ВОЗАЧИ, МЕСАРИ, КЕЛНЕРИ: Кои други профили се барани во Германија?

Инфлацијата повторно покажува заби

Инфлацијата повторно покажува заби

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ НАПРАВИВМЕ ПОВЕЌЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ ОТКОЛКУ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ЗА 7 ГОДИНИ“: Владата го кани УПОЗ на разговор

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

„АЛЕКСАНДАР, ДЕЛУВА НАВИСТИНА ИМПОЗАНТНО ОВА ШТО БЕШЕ НАПРАВЕНО“: Николоски беше пофален од Мицкоски за експресниот пат за Прилеп

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

АВИОНСКИОТ ПРЕВОЗ „ЦВЕТА“ – граѓаните се помалку и помалку се возат со возови

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

ДЕЈАН МАНЕВ НА НОВА ПРЕСТИЖНА ПОЗИЦИЈА: Назначен е за Country Director на Evapify Group за Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ГО ПРОГЛАСИ ЗА УСПЕШЕН ПРОЕКТОТ НОВОГОДИШНА КОШНИЦА - дали цените се намалија како што очекуваа граѓаните

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања

БЕНЕТОН ТИВКО ПОДЕЛИ ОТКАЗИ ВО НАШИОТ РЕГИОН: Огромните глобални загуби ги принудија да направат драстични намалувања