15 Јануари, 2025
0.0305

Жерновски не дава да се гради улица на кеј, Град Скопје реагира – улицата ќе била само пристапна!

Објавено во: Македонија 30 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Повторно се судрија Општина Центар и Град Скопје .

Категорично НЕ вели градоначалникот на Општина Центар Жерновски за најавената изградба на улица на Кејот на Вардар „13 Ноември“, од ГРАД Скопје пак тврдат дека улицата ќе била само пристапна.

Жерновски вчера до Советот доставил одлука со која забранува било какви градежни активности помеѓу реката Вардар, улица „Војвода Васил Аџиларски“, улица „Димитрија Чуповски“, улица „Македонија“, плоштад „Македонија“ и Камен мост.

Сите активности ќе се забранат ако биде усвоена оваа одлука, Жерновски вели дека оваа одлука ја донел бидејќи ваквата улица целосно би го уништила кејот, би го ограничила движењето на граѓаните, и со нејзино градење би изгубиле еден јавен простор, а во исто време би се сменил изгледот и фунционалноста на Градскиот трговски центар и би го изгубиле едно од најубавите шеталишта во Скопје.

Жерновски го повика таткото на градот Трајановски да се откаже од оваа идеја да се гради улица на терасите кај кафулињата на кеј.

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/09/25/novata-ulitsa-na-kej-ke-minuva-megu-terasite-na-kafulinata/" target="blank" ]Новата улица на Кеј ќе минува меѓу терасите на кафулињата[/button]

„Предлагам да отвориме јавна дебата во која ќе ги вклучиме засегнатите страни и заеднички да најдеме прифатливо решение за сите“, вели градоначалникот Жерновски.

Од Град Скопје пак реагираат на изјавата на Жерновски, тврдејќи дека не ја кажувал вистината и со невистини се обидувал да добие ефтини полтички поени.

Тие велат дека планирале изградба на пристапна улица  што ќе се гради на кејот „13 Ноември“, на потегот од улицата Филип Втори Македонски до објектот на Телеком, и истата ќе била со посебен режим .

„Се работи за  пристапна улица, која нема да биде сообраќајна и истата ќе биде уредена од плочки, а не од асвалт или слично на улицата Никола Вапцаров и за истата ќе важи посебен режим за движење на моторните возила, поточно истата ќе биде достапна само за службените возила на Телеком, за достава на роба до околните угостителски објекти, како и за пристап на противпожарните возила и возилата на брза помош, кој и сега се движат по истиот простор“, посочуваат во соопштението до медиумите од Град Скопје.

Од оваа одлука најмногу ќе трпат соппствениците на локалите кои се стационирани на Кејот „13 Ноември“.

Тие се загрижени и револтирани од одлуката на Град Скопје за изградба на надземна улица на Кејот, истакнувајќи дека оваа непромислена одлука ќе значи уништување на познатото скопско шеталиште, ќе го наруши слободното движење во центарот на градот и ќе го обезличи еден од главните симболи на Скопје-Градскиот трговски центар.

12043120_772104836246357_6114367040823907145_n

Можеби ќе ве интересира

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ

ПРОМЕНА НА УСТАВОТ АКО САКАМЕ ВЛЕЗ ВО ЕУ: Еве што вели еврокомесарката Кос

ПРОМЕНА НА УСТАВОТ АКО САКАМЕ ВЛЕЗ ВО ЕУ: Еве што вели еврокомесарката Кос