Зијадин Села: Македонија цела да е... изборна единица
Објавено во: Македонија 21 Септември, 2016
Зијадин Села од движењето за реформи во ДПА смета дека Македнија најправедно е да биде една изборна единица и сите мандати пропорционално да се поделат на партиите кои освоиле најмногу гласови.
- Сега, кога се актуелни измените во законот за избори, треба да се размисли да се промени изборниот модел и да се укинат изборните единици, односно да има само една изборна единица. Само на овој начин тежината на гласот во Тетово, Битола, Струмица и во Струга би бил ист. На народот во Македонија му треба слобода да избира. Затоа треба да се воведе пропорционален модел со отворени листи, така што граѓаните ќе можат слободно да избираат, без да се наметнуваат лидерите на партите или некои повисоки функционери во изборните листи, изјави Села.
Токму ова е подобро решение отколку да се прават прекројувања на изборните единици, особено во „петката“ и „шестката“ каде најмногу обесправени се Албанците бидејќи има повеќе гласачи отколку во другите изборни области.