22 Јули, 2019
0.0212

Жители на мијачкото Гари: Приватен концесионер за бизнис интереси ја уништува природата во селото

Објавено во: Македонија 12 Јули, 2019

Жители на мијачкото село Гари се на нозе и поминуваат низ вистински хаос со институциите во државата откако решиле да се изборат против како што велат, уништувањето на чистата околина на селото. Месната заедница, околу 150 граѓани се потписници на петиција со која бараат да се запре ископувањето на почвата од приватен концесионер за кој дури тврдат дека ги нема потребните документи. Сепак, веќе неколку месеци таа компанија носи градежна механизација низ недопрената природа, сече шума и прави ископи во коритото на Гарска река, за да испитува дали може да се експлоатира чиста вода за пиење.


„Коритото на Гарска река е окупирано од механизација која нелегално корне и беснее низ долината на реката уништувајќи ја природата и разорувајќи го густиот шумски терен, само за чиста заработувачка на приватни компании, велат жителите.

Стравуваат дека со копањето ќе се секне чистата вода за пиење која е изворска. Велат дека не можат да се согласат приватни компании да им ја сечат шумата без никаква дозвола, затоа што кога побарале д аја видат на увид дозволата која треба да ја издаде Национални шуми од Дебар, такво нешто не им било дадено. Дополнително, шумските инспектори воопшто не дошле да ја увидат ситуацијата на терен и да утврдат дали имало или не бесправна сеча на шумата.


За да поминат багерите пробиен е помошен пат, а секојдневно багерите поминувале и низ мост кој не бил толку издржлив. Потписниците на петицијата имаат информација дека дозволата на концесионерот е истечена, но од Министерството за економија не успеале да добијат никаква информација.

Упорни се да докажат дека природата и изворите кои се над селото Гари не смеат да се даваат под концесија.

Заинтересираните компании би можеле да истражуваат извори кои се само под надморската височина на селото. Вака започнат е процес во кој приватната фирмаможе да нанесе сриозни последици врз флората и фауната и водостојот на Гарска река. Исто така ќе влијае на нарушување на квалитетот на водата за пиење во село Гари, велат жителите.


Инаку Гари е еколошки чисто село, таму е забележан и балканскиот рис.

Од Министерството за економија велат дека на терторијата на село Гари, општина Дебар доделени се две концесии за експлоатација на минерална вода и тоа на фирмите Мали Лошињ ДОО експорт - импорт Скопје и на МЛ ГАРИ ДОО експорт-импорт Скопје. Овие две концесии предходно се доделени на јавен повик за детални геолошки истражувања. Со приложување на соодветната документација, прибавување на сите мислења од надлежни институции, а сето во законски утврдениот рок, Владата има доделено концесии за експлоатација на предметните локалитети.Сепак Мали Лошињ експлоатира под селото и тој концесионер не поминува со механизација низ селото.

Од Министерството велат дека дозвола за експлоатација има само концесионерот МАЛИ ЛОШИЊ ДОО експорт - импорт Скопје, бидејќи концесијата доделена на МЛ ГАРИ ДОО експорт-импорт Скопје е од 2018 година и сеуште има законски рок за поднесување на барање за дозвола.


Исто така, на локалитет во селото Гари доделена е и концесија за детални геолошки истражувања за минерална вода. Концесионерот ги  има реализирано деталните геолошки истражувања и согласно Законот за минерални суровини има право да бара концесија за експлоатација.
„Воедно, би сакале да информираме дека сите концесии наведени во овој одговор се за истражување или експлоатација на минерална вода, каде што не се врши ископ на суровина туку се црпи преку предходно изградени дупнатини, а просторот не се деградира освен во делот на дупнатината што завзема незначителна површина, велат од Министерството.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ФОКУС НА ДЕНОТ: МВР не знае каде е Јанева - Запленет глисер во „Рекет“

ФОКУС НА ДЕНОТ: МВР не знае каде е Јанева - Запленет глисер во „Рекет“

(ФОТО) Тешка сообраќајна незгода после аеродромот во Охрид: Има повредени

(ФОТО) Тешка сообраќајна незгода после аеродромот во Охрид: Има повредени

(ВИДЕО) Пожар пеплоса објект на Машката плажа во Струга

(ВИДЕО) Пожар пеплоса објект на Машката плажа во Струга

Кобна сообраќајна незгода на патот Струмица- Радовиш: Има и починат

Кобна сообраќајна незгода на патот Струмица- Радовиш: Има и починат

Спасовски:МВР нема обврска да знае каде е Јанева, без налог од суд или обвинител

Спасовски:МВР нема обврска да знае каде е Јанева, без налог од суд или обвинител

МИЦКОСКИ: Заев практично го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, да нема СЈО, да се формира ново обвинителство

МИЦКОСКИ: Заев практично го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, да нема СЈО, да се формира ново обвинителство

ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ: Маж починал од струен удар

ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ: Маж починал од струен удар

(ОБНОВЕНО) Запленет е глисер на второсомничен во „Рекет“

(ОБНОВЕНО) Запленет е глисер на второсомничен во „Рекет“

ВИКЕНД БРИФ: Запленети луксузни возила - Пендаровски не остварил средба со Мицкоски

ВИКЕНД БРИФ: Запленети луксузни возила - Пендаровски не остварил средба со Мицкоски