ЖИТО ПОЛОГ СО ПАД ВО ПРОДАЖБАТА: загубите надминуваат 500 илјади евра, еве какви мерки планираат за надминување на состојбите
Објавено во: Економија 27 Октомври, 2025 07:49
Компанијата за производство на брашно и тестенини Жито Полог АД Тетово од почетокот на годината регистрира загуби и намалување на продажбата на своите продукти во споредба со истиот период минатата година. Како што е објавено во финансискиот извештај за работењето во периодот јануари – септември 2025 година компанијата оствари негативен финансиски резултат.
Инаку од компанијата известуваат дека во 2025 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на позициите во финансиските извештаи во однос на последните ревидирани финансиски извештаи.
- Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари – септември 2025 година изнесуваат 128,035 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2024 година бележат намалување за 30отсто.
Во структурата на приходи најголемо учество или 97 проценти имаат приходите од продажба на производи и услуги кои во споредба со остварените во истиот период 2024 година бележат намалување за 28 проценти – се посочува во , а извештајот објавен на Македонска берза.
Компанијата која е лоцирана во Тетово со основна дејност производство на мелнички и пекарски производи, како и тестенини, извести и дека ги намалила трошоците.
- Остварените единечни вкупни расходи во периодот Јануари – Септември 2025 година изнесуваат 157,786 илјади денари и во споредба со истиот период во 2024 година бележат намалување за 22 проценти – се посочува во извештајот објавен на берза.
Компанијата нема исплатено дивиденда во текот на годината,и има финансиски обврски за земени кредити.
- Вкупните единечни обврски по кредитии финансии лизинг на 30.09.2025 година изнесуваат 91,991 илјади денари и во однос на состојбата на 30.09.2024 претставува зголемување за 11 проценти – се посочува во извештајот.
Податоците на компанијата откриваат дека за периодот од 01.01.2025 година до 30.09.2025 година остварена е загуба од 32.398.000 денари или над 500 илјади евра. Сепак, и покрај загубата годинава, од Жито Полог најавуваат преземање мерки за надминување на состојбите.
- Друштвото прави напори за подобрување на финансиските резултати и одржување на ликвидноста. Во наредниот период ќе бидат преземени активности со цел изнаоѓање на нови пазари, подобрување на квалитетот и асортиманот на производите – се посочува во извештајот.
Инаку за потсетување компанијата ланската година ја заврши добивка од 180 илјади евра, која иако не беше огромна, сепак, беше позитивен пресврт по загубите кои ги прокнижи компанијата во 2023 година. Имено 2023 година Жито полог прокнижи загуба од 360 илјади евра.
П.О.
Можеби ќе ве интересира
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?
Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно
Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ
Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди
Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи




