28 Октомври, 2024
0.0348

„ЖИВ ЧОВЕК КОЈ РАБОТИ, ЗНАЕ И ДА ПОГРЕШИ“: премиерот очекува темата за ослободените криминалци да заврши со оставките на комисијата

Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Жив човек кој работи, знае и да погреши. Кога ќе се констатира грешката, ако се превземе одговорност, тогаш тоа е доблесно, е коментарот на премиерот Христијан Мицкоски за колективната оставка што вчера ја поднесоа членовите на Комисијата за помилување по реакциите во јавноста за последното помилување по повод празникот 23 Октомври. 

- Констатирана е очигледно грешката и единственото нешто што тие го имаа како морален чин е да се повлечат и тие тоа и го направија, така што очекувам тука да се затвори таа тема во јавноста - изјави денеска Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата по потпишувањето на првата транша од 250-те милиони евра наменети за капитални инвестиции во општините.

Комисијата за помилување синоќа си поднесе колективна оставка, која беше експресно прифатена од претседателката Гордана Сиљановска Давкова. 

За колективната оставка на Комисијата информираше професорот Гордан Калајџиев на Фејсбук, наведувајќи дека оставката ја поднесуваат од лични и професионални принципи. 

- Оваа одлука ја донесовме во согласност со нашите лични и професионални принципи, стои во објвата на Фејсбук потпишана од проф.др Методија Каневчев, проф.др. Гордан Калајџиев, проф.др. Арлинда Кадри Шахиновиќ, др. Зора Митиќ, м-р Ана Ѓорѓиева Ивановска и Ајтен Шаќири.

Од Кабинетот на Сиљановска-Давкова информираа дека претседателката ја прифатила оставката и дека во следниот период ќе изврши консултации за новиот состав на Комисијата, како и за институционалните и законски слабости што постојат во системот за помилување на осудени лица.

- Членовите на Комисијата за помилување денеска ја информираа претседателката Гордана Сиљановска Давкова дека поднесуваат колективна оставка од позициите во Комисијата. Одлуката за поднесување на колективна оставка од Комисијата за помилување членовите ја донеле во согласност со нивните лични и професионални принципи. Претседателката Сиљановска Давкова ја прифати оставката поднесена од проф. д-р Методија Каневчев, проф. д-р Гордан Калајџиев, проф. д-р Арлинда Кадри Шахиновиќ, д-р Зора Митиќ, м-р Ана Ѓорѓиева Ивановска и Ајтен Шаќири, стои во соопштението од Кабинетот на претседателката.

Претседателката Сиљановска Давкова по повод празникот 23 Октомври, по препорака на Комисијата за помилување, помилува десет осуденици. Одлуката беше објавена во Службен весник на 22 октомври, а неколку имиња кои се најдоа на листата на помилуваните предизвикаа жестока реакција во јавноста - поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, Марјан Ефремов, првообвинет во аферата „Шпион“, Шенол Маслани од скопско Арачиново, брат на Шенаси Маслани, познат како Шенки Версаче и Акиф Равманоски кој се поврзува со криминалната група „Барон“ од Арачиново. Равманоски при пуштањето од затворот Идризово веднаш беше уапсен под сомневање за извршен обид за убиство.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ЕВЕ ШТО ОСТАНА ВО КОМПЛЕКСОТ МАНАСТИР ПО ПОЖАРОТ: Дали скарата го „испече“ хотелот?

(ВИДЕО) ЕВЕ ШТО ОСТАНА ВО КОМПЛЕКСОТ МАНАСТИР ПО ПОЖАРОТ: Дали скарата го „испече“ хотелот?

ЈА БАРААТ ЗЕЛКАТА ЗА ЗИМНИЦА, АМА ЦЕНАТА ИМ СЕ ЧИНИ ВИСОКА: Годинава и сармата очигледно ќе чини поскапо

ЈА БАРААТ ЗЕЛКАТА ЗА ЗИМНИЦА, АМА ЦЕНАТА ИМ СЕ ЧИНИ ВИСОКА: Годинава и сармата очигледно ќе чини поскапо

АРКТИКОТ ЌЕ ГИ ЗАЛЕДИ ЕВРОПА И БАЛКАНОТ: Првата декада од Ноември ни носи температури и од под -10 степени!

АРКТИКОТ ЌЕ ГИ ЗАЛЕДИ ЕВРОПА И БАЛКАНОТ: Првата декада од Ноември ни носи температури и од под -10 степени!

„УАПСИ ГО АХМЕТИ“: Адвокатот Митровски вели писмото до Рама е добро утро заканување кое никој не го санкционира

„УАПСИ ГО АХМЕТИ“: Адвокатот Митровски вели писмото до Рама е добро утро заканување кое никој не го санкционира

Реакција од Град Скопје: Во овој момент во трета фаза е изградбата на парк во Карпош

Реакција од Град Скопје: Во овој момент во трета фаза е изградбата на парк во Карпош

ТУРИСТИЧКИОТ КОМПЛЕКС „МАНАСТИР“ ВО ПЛАМЕН - голем пожар во Берово (ВИДЕО)

ТУРИСТИЧКИОТ КОМПЛЕКС „МАНАСТИР“ ВО ПЛАМЕН - голем пожар во Берово (ВИДЕО)

„НЕ ДРЖИ КОНСТАТАЦИЈАТА НА АХМЕТИ“: Меџити вели општините добиваат повеќе пари сега - „подобро ни е кога ДУИ е во опозиција“

„НЕ ДРЖИ КОНСТАТАЦИЈАТА НА АХМЕТИ“: Меџити вели општините добиваат повеќе пари сега - „подобро ни е кога ДУИ е во опозиција“

НАПАДНАТ ЖИТЕЛ НА ПРОБИШТИП, НАПАЃАЧИТЕ ИМАЛЕ ПИШТОЛ, АМА ПЛАСТИЧЕН - полицијата ги уапси

НАПАДНАТ ЖИТЕЛ НА ПРОБИШТИП, НАПАЃАЧИТЕ ИМАЛЕ ПИШТОЛ, АМА ПЛАСТИЧЕН - полицијата ги уапси

„БАРАМЕ ДКСК ДА НЕ БИДЕ СЛЕПА ПРИ ОЧЕВИДНИ СКАНДАЛИ“: Левица со остра реакција по вработувањето на сестрата на Љутков

„БАРАМЕ ДКСК ДА НЕ БИДЕ СЛЕПА ПРИ ОЧЕВИДНИ СКАНДАЛИ“: Левица со остра реакција по вработувањето на сестрата на Љутков