07 Ноември, 2024
0.0281

ЖИВОТ ВО 21 ВЕК: Немаат пат, немаат училиште, ниту продавница

Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Во кумановското село Колицко, во 21 век 30 жители живеат тешко, затоа што немаат од каде да купат храна, продавница не постои, училиште нема, асфалтиран пат до соседното село Скачковце нема.

Лоцирани се на 21 километар од градот. Во овие зимски денови се задоволни ако се сетат надлежните на нив да им го исчистат патот од снег, затоа што порано се случувало и по недела дена да бидат завеани.

„Имаме три деца во селото, од кои едното оди на настава во основното училиште во село Орашац, а другите две се школуваат во средните училишта во Куманово. Веќе 5-6 години немаме никаков превоз до Куманово, а претходно имаше линија само во четврток, но потоа ја укинаа. Сега ако сакаме да одиме во градот, мораме да одиме пеш до соседното село неколку километри, па да се спуштиме до патот Куманово - Свети Николе, или некој ако има свој автомобил си оди со сопствен превоз. Храна купуваме за да имаме залихи. Оваа година добро е што поминаа со машина и го исчистија снегот“, вели Стоје Јаневски, претседател на месната заедница во Колицко.

Во селото мештаните живеат од земјоделство и сточарство, но се жалат дека од овие дејности не може да се заработи како порано.

„Земјоделецот го уништија, и она што ќе произведеш не можеш да го продадеш. Млекото е 15 денари, поевтино од вода, за јагниња извоз нема“, додава Јаневски.

Сепак, иако се работи за мало место, со мал број на гласачи, пред избори ги посетуваат од партиите за да ги анимираат за гласање.

„Ќе дојдат за избори, и потоа „чао, пријатно“. Нас ни е најважно да се направи асфалт до Скачковце. Во Европа сакаме да одиме, но ние сме многу далеку од Европа, за 100 години дали ќе ги стигнеме. Немаме патишта, водоводи, немаме куќа, нас куќата ни е без темел, од покрив ја градиме. Ако ја примаат само администрацијата во Европа, тогаш да, така може да влеземе“, вели Јаневски.

Повеќето жители во минатото мигрирале во Скопје и Куманово, по потрага по работа и подобар живот. Ова е само едно од многуте македонски села во изумирање. Миграцијата село град со години и децении си го прави своето и доведува до празни села насекаде низ Македонија. 

Сања Атанасовска

фото Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

Таравари во Емиратите, бара инвеститори за македонското приватно здравство

Таравари во Емиратите, бара инвеститори за македонското приватно здравство

МИЦКОСКИ ЗА СРЕДБАТА СО МАКРОН: Оптимист сум за нашата иднина, се бориме за нашите аргументи и вистината која е незаобиколива

МИЦКОСКИ ЗА СРЕДБАТА СО МАКРОН: Оптимист сум за нашата иднина, се бориме за нашите аргументи и вистината која е незаобиколива

ВРЕДИ и колацијата на ДУИ го блокираа повторно „Законот за бранители“

ВРЕДИ и колацијата на ДУИ го блокираа повторно „Законот за бранители“

НОВ СЛУЧАЈ: Девојче почина на Детската клиника

НОВ СЛУЧАЈ: Девојче почина на Детската клиника

Уставен суд ја отфрли иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за пасошите со „Северна“

Уставен суд ја отфрли иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за пасошите со „Северна“

Отворена постапка за одговорност за судијата кој му додели домашен притвор на бегалецот од ОВК - Блерим Рамадани

Отворена постапка за одговорност за судијата кој му додели домашен притвор на бегалецот од ОВК - Блерим Рамадани

Инспекција: Затворени две приватни образовни институции за давање дипломи

Инспекција: Затворени две приватни образовни институции за давање дипломи

ВО ТИРАНА: Македонскиот јазик влегува во наставната програма на постдипломските студии на Факултетот за странски јазици

ВО ТИРАНА: Македонскиот јазик влегува во наставната програма на постдипломските студии на Факултетот за странски јазици

КОС: Очекуваме Северна Македонија да го промени Уставот како што вети, ништо повеќе и ништо помалку

КОС: Очекуваме Северна Македонија да го промени Уставот како што вети, ништо повеќе и ништо помалку