19 Декември, 2025
0.0940

„Златен даб“ во нова амбалажа од 0,5 литри

Објавено во: Мои пари 11 Април, 2014 15:00

Добивај вести на Viber

Златен Даб повторно се појавува на пазарот во подновено издание, во нова стаклена амбалажа од половина литар. Новиот полалитарски Златен Даб со промените добива изглед на пиво што може да се мери со познатите пивски брендови. Во стаклена амбалажа со зелена боја, транспарентна етикета и „pull off“ капаче, сите овие новитети се во функција на подобрен квалитет на пивото, изглед, подобрена линија на шишето. „Промените на новиот Златен Даб што ги имплементиравме се со цел да го продолжиме започнатиот процес на усовршување и унапредување на омилениот македонски пивски бренд. Секоја од промените е резултат на барањата и потребите на потрошувачите. Стаклената амбалажа е секаде фаворизирана кога станува збор за лесно светло лагер пиво, затоа Прилепска пиварница неодамна влезе во голема инвестиција со купување на нова линија за полнење на пиво во стаклена амбалажа, инвестиција што Златен даб го издигнува до пиво од светски ранг и тоа во секој аспект на производот“, изјави Александар Чатлески бренд менаџер на Прилепска пиварница. Пивото во зелено шише е одлика на најпознатите светски пива и е симбол на традиција во правење пиво. Додека пак стаклената амбалажа ги заштитува свежината и карактеристиките на пивото. Новиот Златен Даб од 0.5 л на тоа ги додава уште и транспарентната етикета и „pull off“ капаче со што станува пиво создадено за сите пивопијци. Овојпат Златен Даб од 0.5 л е со повратна амбалажа. Оваа година Прилепска пиварница прославува 90 години постоење, а долгогодишната традиција во производство на македонско пиво ќе ја прослави со отворање на Академија за пиво чија цел е едукација дека пивото не е само пијалак за освежување, туку дека има и многу други бенефити по здравјето на луѓето. На Академијата ќе учествуваат врвни пивски експерти и еминентни стручњаци од пиварската индустрија од овие простори, но и од други европски земји како Германија и Австрија.

Можеби ќе ве интересира

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза