16 Декември, 2025
0.4709

Злато и сребро за две врвни вина на „Тиквеш“ од бербата 2015

Објавено во: Мои пари 01 Јуни, 2016 12:51

Добивај вести на Viber

Новитетот во портфолиото на винарската визба „Тиквеш“, виното „Александрија розе“ 2015, освои златен медал на годинешниот натпревар „Citadelles du Vin“ што по 16-ти пат се одржа во Бордо, Франција. На истиот натпревар, белото вино „Совињон Бланк Спешл Селекшн“ од последната берба доби сребрен медал.

c1160274-7c98-47b5-98fd-fcf69fa21dcd

На годишново издание на овој реномиран меѓународен вински натпревар, 60 вински судии имаа прилика да оценуваат над 1200 различни вина од 29 земји од светот. Според пропозициите на натпреварот, медали можат да бидат доделени само на вината со исклучителни карактеристики и квалитет, при што нивниот број не може да биде повисок од 30% од вкупниот број дегустрирани вина. Заради ваквиот пристап, овој вински натпревар се смета за еден од најексклузивните во светот. Оваа година, доделени се вкупно 143 златни и 147 сребрени медали, во најголем дел на вина произведени во познатите вински земји: Франција, Шпанија, Италија и САД.

6c3fcc21-2c6d-4b25-bd0e-202e9caebe65

- Секоја година „Тиквеш“ освојува најмалку по еден златен медал на овој реномиран меѓународен вински натпревар што се одржува во еден од најпознатите француски вински региони – Бордо. Медалите освоени овде претставуваат посебна препорака со оглед на острата конкуренција и строгите пропозиции. Оваа година сме особено горди и заради фактот што златниот медал го доби најновиот член во нашето продуктно портфолио – розе виното Александрија што ќе се појави на пазарот во јуни 2016, што секако додава дополнителна вредност на овој бренд со долга традиција и голема популарност кај љубителите на виното во земјата и пошироко, објаснува генералниот директор на ВВ „Тиквеш“, Игор Илиевски.

Можеби ќе ве интересира

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави