Добивај вести на Viber
Стефан Лазаров, кој освен што е колега на Зоки Фаци, важи и за негов близок пријател, информираше за состојбата на познатиот ТВ шоумен.
„Здраво луѓе… Знам дека сите очекувате нови информации околу Зоки па да ве известам.
Вчера е хоспитализиран во Систина и денес требаше да биде опериран, но поради дополнителни испитувања операцијата е одложена за наредните денови. Како што ми пренесуваат, операцијата е многу сериозна и се чека лекарскиот тим да одлучи кога ќе биде спремен“, напиша тој на фејсбук.