Добивај вести на Viber
Дали сте знаеле дека зелената пиперка, содржи три пати повеќе витамин Ц отколку било кое цитрусно овошје? А дали сте знаеле дека токму витаминот Ц продуцира колаген, една мултифункционална и многу потребна супстанца, која е главен протеин во сврзното ткиво на кожата, коските, лигаментите и забите?
Од друга страна, пак, маслинката е богата со белковини, хлорофил, витамини А, Д, К и Е, а токму таа се користи со векови интензивно во исхраната уште од времето на старите Римјани.
Токму затоа зелената пиперка и маслинката треба да се користат секојдневно во вашата исхрана. Ако на сето ова се додаде и богатството од калциум во внимателно одбраното 100% македонско млеко, тогаш новиот деликатес од Млекара Здравје Радово – Маза со пиперка и маслинка, е вистинска комбинација на се што претходно набројавме.
„Доколку сте љубители на пикантниот вкус полн Здравје, тогаш следното утро започнете го со вистински оброк: интегрален леб, намачкан со Маза со зелена пиперка и маслинка и чаша јогурт Здравје со 1,5 % масленост. На Здравје!“, порачуваат од оваа млекарница.