Зошто кумановци до Скопје патуваат со автобус, а не со воз?
Објавено во: Македонија 18 Септември, 2022 08:00
Кумановци до Скопје најчесто патуваат со автобус, а многу ретко со воз.
Автобускиот билет поскапе и во еден правец чини 170 денари, а месечниот билет е 5.000 денари. Ова ги „удри“ по џеб сите оние кои често патуваат во Скопје. На телефонскиот број за информации во Железници на Северна Македонија велат дека дневно имаат 4 линии од Куманово кон Скопје и обратно, но првите два воза тргнуваат во раните утрински часови, има еден попладне и еден навечер. Билетот во еден правец е 87 денари, а доколку патниците извадат повратен, тој чини 140 денари. Има одреден број на патници кои патуваат со воз, но тоа не може да се спореди со онаа фреквенција која ја има на релациите Скопје – Велес и Скопје - Битола. Дополнително проблем за граѓаните е тоа што Железничката станица е надвор од градот. Да одат пеш е далеку, се работи за неколку километри, а доколку платат такси, практично нема ништо да заштедат. Ова не важи за жителите кои живеат во непосредна близина на станицата во селото Черкези.
Ги прашавме граѓаните кога последен пат патувале со воз и зошто не го користат возот редовно.
„Ќе одговара патување со воз до Скопје, но само кога би имало автобус од градот до Железничката станица, а нема. Јас не паметам кога последен пат сум патувал со воз“, вели кумановец.
Анкетираните велат дека со децении не патувале со воз, но кога би имале модерни, чисти и редовни возови како во Европа, за нив не би било проблем автобусот да го заменат со воз.
„Апсолутно би било добро луѓето да патуваат со воз, иако јас сум патувала пред 10, 20 години, но треба да се подобрат возовите“, рече Билјана Петровска, граѓанка на Куманово.
Сите се согласуваат дека транспортот поскапе нагло како и многу други работи, и тоа ги засега семејствата кои имаат студенти.
„Би се возела со воз, зошто да не, но сега најчесто патуваме со син ми со автомобил. Ако некој сака да оди до Железничка со такси за да фати воз, скапо е, криза е, и не се исплати. Со воз сум се возела пред 30 години“, објаснува Благица Тасиќ, граѓанка.
Но, граѓаните истакнуваат и дека патувањето со автобус за нив е попрактично поради честите чинии и автобусот е поконфорен.
„Можеби 20 години не сум се возел со воз. Со автобус е поудобно да патувате. Јас до Дојран се возам со автобус, а со воз ако патувам до Гевеглија, возовите се спори. Денес повеќето граѓани имаат сопствени возила, освен најсиромашните кои се со мали пензии и плати“, вели Богдан Јоцевски, пензионер.
Ако се вратиме наназад, во 2007 и 2008 година билетот на релација Куманово – Скопје чинеше 50, односно 60 денари. Потоа цената скокна на 80, па на 100 денари, а последниве години се покачи на 120, па потоа на 150, а сега чини 170 денари. Според некои неофицијални бројки кои беа кажани во екот на пандемијата, околу 4.000 кумановци секој ден патуваат во Скопје. Тие одат на работа во Скопје поради поголемиот избор на професии и шансите за напредок.
Сања АтанасовскаМожеби ќе ве интересира
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило




