Зошто македонското пиво го нема на европскиот пазар?
Објавено во: Економија 07 Август, 2018
Повеќе од 68
милиони литри пиво се произведени во 2017 година во Македонија, што е за 2
милиони литри повеќе во споредба со претходната година, покажуваат податоците
на Евростат. Ова значи дека лани во земјава се произведени по околу 34 литри
пиво по жител, што е многу помалку од европскиот просек кој е еднаков на 81
литри по човек.
Бројките на Евростат откриваат еден поразителен податок, а тоа е дека македонското пиво го нема на европскиот пазар или го има во многу мали количини. За разлика на ова, српското пиво зазема голем удел во вкупниот увоз на овој пијалак во Европската Унија. Од странските пива, жителите на земјите- членки на ЕУ најмногу трошат мексиканско пиво (211 милиони литри или 52 отсто од вкупниот увоз на пиво во ЕУ во 2017 година), а на второ место е српското пиво (48 милиони литри, 12 отсто). Потоа следат американските пива (39 милиони литри, 10 отсто), белоруските пива (23 милиони литри, 6 отсто), кинеските пива (16 милиони литри, 4 отсто), украинските (11 милиони литри, 3 отсто), руските (10 милиони литри, 3 отсто) и тајландските пива (9 милиони литри, 2 отсто).
Инаку, во 2017 година, повеќе од 41 милијарда литри пиво се произведени во Европската унија што е 2,5 милијарди литри повеќе отколку во 2016 година. Покрај тоа, ЕУ произведе речиси 900 милиони литри пиво кои содржат помалку од 0,5 отсто алкохол или воопшто не содржат алкохол.
Две третини од европското пиво е произведено во шест земји-членки. Германија е топ- производител во 2017 година со производство од 8,1 милијарди литри (или 20 отсто од вкупното производство на ЕУ). Со други зборови, секое петто пиво произведено во ЕУ потекнува од Германија. Следи Велика Британија (произведени 5,6 милијарди литри или 14 отсто), Полска (4 милијарди литри или 10 отсто), Холандија (3,9 милијарди литри или 9отсто), Шпанија (3,6 милијарди литри или 9 отсто) и Белгија (2,4 милијарди литри или 6 отсто).
Во споредба со 2016 година, Холандија (+48 отсто) забележа најголем пораст во производството на пиво, по што следат Обединетото Кралство (+14 отсто) и Португалија (+ 11 отсто). Спротивно на тоа, производството на пиво во Грција се намали за -9 отсто, по што следат Словачка (-5 отсто), Бугарија и Литванија (и двете - 4 отсто).
Холандија извезе 1,9 милијарди литри пиво во 2017 година, што ја прави најголем извозник на пиво меѓу сите земји-членки на ЕУ, пред Белгија и Германија (по 1,6 милијарди литри), потоа Франција (700 милиони литри) и Обединетото Кралство (600 милиони литри).
САД се главната дестинација за извоз на европското пиво (1,1 милијарди литри пиво или 31 отсто од вкупниот извоз на пиво во ЕУ). На второ место е Кина (520 милиони литри, 15 отсто), па Канада (210 милиони литри, 6 отсто), Кореја (175 милиони литри, 5 отсто), Русија (138 милиони литри, 4 отсто), Швајцарија (111 милиони литри, 3 отсто), Австралија (100 милиони литри, 3 отсто) и Тајван (95 милиони литри, 3 отсто).
М.Б.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.