ЖРТВА НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВO: Ми се закануваше дека ќе ми ја скрши главата
Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2019 07:03
Многу пати свекорот сакаше да ме тепа, ми велеше дека ќе ми ја скрши главата, а кога јас го карав моето дете, тој влегуваше во соба и ме пцуеше, раскажува млада мајка на две малолетни деца од Куманово, која сакаше да остане анонимна за да не бидат стигматизирани нејзините деца.
Таа вели дека со сопругот кој е на печалба надвор од државата има почит и разбирање, но трпи тортура од неговите родители, посебно од таткото на сопругот. Тој деновиве ја удрил, по што таа повикала полиција.
„Почна да крева рака на мене, иако јас не сум негова жена и живеам посебно во куќата. Ми удри шлаканица, сакаше уште да ме тепа, но свекрвата го тргна. Моите деца беа исплашени. Сакав одамна да го пријавам, но не ми даваа, а јас бев во депресија. Потоа се решив, го пријавив, за што имам и документ и му кажаа полицајците дека ако уште еднаш ме малтретира или ќе плати казна, или ќе лежи затвор“, раскажува оваа млада жена.
Психологот Каролина Костадиновска, од Алтернатива Институт за брак, семејство и системска пракса вели дека ваквите случаеви за децата се трауматско искуство.
„Не дека детето нема да функционира емотивно, интелектуално, социјално, но тоа остава траги и треба штетите да се санираат терапевтски. Дури и со стручна помош не успеваме да постигнеме целосно да ја санираме таа емоционална штета која е направена“, додава психологот.
Во земјава и мажи кои се на видни позиции, дури и еден градоначалник ја тепал сопругата.
Македонија се вклучува во светската кампања под слоганот нема нема оправдување #немаоправдување – заедно против насилство врз жени и девојчиња“.
Паркот Жена борец во Скопје по тој повод беше осветлен во портокалово откако и Македонија ја поддржа светската кампања против насилството врз жени и девојчиња.
Третина од сите жени и девојчиња во светот доживуваат физичко или сексуално насилство во текот на животот, а половина од жените убиени ширум светот се убиени од нивните партнери или од член од семејството. Насилството врз жените е исто толку честа причина за смрт, како карциномот, сообраќајните несреќи и маларијата, заедно во комбинација.
Сања Атанасовска
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




