02 Мај, 2024
0.0284

Кои болести ги пренесуваат крлежите и како да се заштитиме од нив

Објавено во: Македонија 31 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Врнежливите пролетни денови ја букнаа тревата. Разелени целата природа. Пејсаж и глетка која ги мами граѓаните за излет. Посебно сончевите и потопли денови поголемиот дел од граѓаните ги искористуваат за прошетка на отворено. Меѓутоа луѓето ги забораваат „непријателите“ со кои можат да се сретнат додека уживаат во природата,пајковидните паразити-крлежите, кои подоцна можат да им зададат непријатности и трчење по амбуланти.

Крлежите преживуваат преку исхранување со крв од разни птици, цицачи но и од човекот. Тие се вектори, носители и пренесувачи на голем број серизни заболувања меѓу кои лајмската болест, туларемијата и други болести кои можат да бидат опасни по човековото здравје, вели за Фактор инфектолог др. Катица Марангозова.

„Каснување од крлеж не значи одма и појава на болест, бидејќи најголем број од крлежите не се заразени. Обично после каснување од крлеж и нема некои симптоми, освен појава на црна дамка (ешара), може да се јави чешање, како и локално црвенило“, потенцира Марангозова.

Инфектолозите велат дека крлежите не скокаат, ниту летаат, тие се добро сокриени во ниските растенија посебно во врвовите на тревата чекајќи го својот иден домаќин. Кога домаќинот ќе дојде во контакт со растението, крлежот започнува да лази по неговото тело се додека не најде погодно место за исхранување.

За да не се закачи векторот за човечкото тело инфектолозите препорачуваат задолжителна употреба на средства кои ги одбиваат крлежите, репеленти кои би ги нанесле на телото при секое излегување во природа и да се внимава посебно во ендемски подрачја, каде има можност за висок процент на заразени крлежи.

„Носење светла облека, за подобро да бидат забележани крлежите, долги панталони,  долги ракави, високи кондури. Да се избегнува лежење на трева. И при секое враќање дома внимателно да се провери да нема закачено некој крлеж.  Детално да се прегледа целото тело, главата, косата, под пазувите, под колената, буквално дел по дел да се провери секој сантим од телото“, советува инфектолог Катица.

Посебен акцент др. Марангозова става на начинот на отстранување на крлежот од човечкото тело.

„Не пробувајте да го отстраните крлежот дома. Може да не го отстраните во целост и да направите поголема штета. Најдобро е да го отстрани стручно лице. Во најблиската амбуланта побарајте помош и лекарите со медицински помагала ќе ви го отстранат крлежот правилно и доколку е потребно ќе ви препишат и лекови“, советува Марангозова.

Доколку имате домашно милениче, посебно куче и истото редовно го изнесувате во природа, после секоја прошетка проверете го и неговото тело за присуство на крлеж бидејќи од него може исто така преку близок контакт да биде пренесен и кај вас.

Н.М.

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање