„Крушевски небесен букет“ – почувствувајте го адреналинот на мега – туристичката атракција!
Објавено во: Економија 22 Јули, 2022 08:00
Крушево има уникатна туристичка понуда која и без промоција привлекува многу туристи. Тоа е „Небескиот букет“ кој го сочинуваат најдобрите светски параглајдеристи кои редовно секоја година се соочуваат во својот витешки натпревар на небеското синило над Крушево и ја едрат цела Пелагонија. Нашето мало и историско Крушево е меѓу петте најпосакувани параглајдеристички дестинации во светот! Македонските параглајдеристи ја крунисаа својата тродецениска упорна и макотрпна работа и успеаја да го изнесат нашиот планиски бисер многу, многу високо на светската параглајдерска мапа. Има и зошто да сме горди! Светот на парагладеристите ја признава и сака Македонија, а затоа и претседателот на Светскиот параглајдерски куп, најмасовна и најпопуларна летачка дисциплина, е Македонец!
Славното Крушево и годинава ги угости најдобрите светски параглајдеристи на Светскиот куп Крушево 2022 година. Повеќе од 120 параглајдеристи меѓу кои се и седумдесетината најдобри во светот, изминативе пет дена го крстареа небото над Пелагонија. Собираа поени, прелетуваа и над 90 километри за два часа во борбата за најпрестижната годишна параглајерска награда победник во светски куп.
Годинава Крушево во два наврати беше домаќин на меѓународни наптревари, што исклучително добро дојде за локалната економија на највисокиот македонски град.
За сите што сакаат да прочитаат повеќе информации на следниот линк https://pwca.org/events/2022-world-cup-krushevo-macedonia-2022
Уживајте во нашиот избор на фотографии....
Р.Ф.







Можеби ќе ве интересира
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?
Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно




