17 Октомври, 2024
0.0460

МАКЕДОНИЈА НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД ПОВРЗУВАЊЕ СО БУГАРИЈА, НО НЕ МОЖЕ ДА ПРИФАТИ ПРОЕКТ ШТО ЗАВРШУВА ВО ТУНЕЛ: Од МТСП со ултиматум, Бугарија да почне со проектирање на тунелска цевка

Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Владата е силно посветена на изградба на нова железничка мрежа во земјата и водејќи се од севкупниот економски развој и регионалното поврзување, а во духот на евроинтегративниот процес и потребата од модернизација и доизградба на европските транспортни коридори, остануваме целосно посветени на изградба на источниот дел на железничкиот Коридор 8, соопштија од Министерството за транспорт и врски.

Тоа всушност го докажува и континуираниот процес на изградба на првата и втората фаза од пругата на Коридор 8. Ова беше цврстиот став на македонската делегација составена од директорот на МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски и Државниот секретар во Министерството за транспорт Стефан Волкановски, која со посредство на Европската Унија вчера во Брисел оствари работна средба со претставници од бугарската влада предводена од заменик министерот за транспорт, на која се разговараше за железничкото поврзување меѓу двете земји“, се вели во соопштението.

Како што велат оттаму, Македонија не се откажува од поврзувањето со пруга кон Бугарија, но не може да се прифати реализација на проект кој што завршува во тунел за кој во Бугарија нема проект, ниту пак има извесносот од бугарската страна дека се преземаат активности за железничко пооврзување, беше потенцирано од претставниците на македонската делегација.

„Единствен услов прифатлив за Македонија за реализација на овој проект е доколку Бугарија започне со проектирање на тунелската цевка и двете земји и Македонија и Бугарија заеднички да извршат пробивање на тунелот со што овој проект би имал смисла и би се остварила целта на регионална интеграција како дел од европската транспортна мрежа. Мора да има нов повик кој би бил заеднички проект спроведен од Македонија и Бугарија се со цел во исто време да се гради пругата, во духот на добрососедството. Исто така мора да се ревидира и цената бидејќи сметаме дека е превисока“, велат од МТСП.

Оттаму велат дека на состанокот од страна на претставниците од Бугарија било истакнато дека во овој момент нема проект на кој би работеле на доизградба на железницата до границата со Македонија и изградба на тунел, но изразиле подготвеност да започнат со изработка на проект кој би бил готов во 2026 година.

„На средбата се заклучи двете страни да остварат уште една работна средба на крајот на овој месец со детали околу заедничката реализација на овој проект. Покрај претставниците од ЕУ, на средбата присуствуваа и претставници од Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка како и други институции инволвирани во развој на транспортната мрежа во регионот и Европа“, се вели во соопштението од минситерството.


Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: На новиот директор на АНБ му бил одземен, ама потоа му е вратен безбедносниот сертификат

Мицкоски: На новиот директор на АНБ му бил одземен, ама потоа му е вратен безбедносниот сертификат

Град Скопје одбиен за проекти од унгарскиот кредит: Секташка ментална состојба на Владата и Мицкоски

Град Скопје одбиен за проекти од унгарскиот кредит: Секташка ментална состојба на Владата и Мицкоски

Во недела стартува „КАЖИ ШИФРА“- следете нè со новиот подкаст на Женски магазин

Во недела стартува „КАЖИ ШИФРА“- следете нè со новиот подкаст на Женски магазин

„МИНИСТЕРОТ НЕ БРКА ОД РАБОТА“: Таравари очекува директорите на клиниките да преземат мерки против лекарите

„МИНИСТЕРОТ НЕ БРКА ОД РАБОТА“: Таравари очекува директорите на клиниките да преземат мерки против лекарите

ГОЛЕМА АКЦИЈА ВО ОХРИД И ТЕТОВО, ПРЕТРЕСИ И ПРИВЕДЕНИ, ЕВЕ КАКО СЕ ОТКРИЕНИ - што ловат органите на прогонот

ГОЛЕМА АКЦИЈА ВО ОХРИД И ТЕТОВО, ПРЕТРЕСИ И ПРИВЕДЕНИ, ЕВЕ КАКО СЕ ОТКРИЕНИ - што ловат органите на прогонот

ИНТЕНЗИВНО СЕ БАРААТ ПРИЧИНИТЕ ЗА КОБНАТА НЕСРЕЌА ВО ВЕЛЕС: ОЈО го зема комбето на вештачење

ИНТЕНЗИВНО СЕ БАРААТ ПРИЧИНИТЕ ЗА КОБНАТА НЕСРЕЌА ВО ВЕЛЕС: ОЈО го зема комбето на вештачење

СО ТУПАНИЦИ НАПАДНАЛ СРЕДНОШКОЛЕЦ ВО УЧИЛИШТЕ, А ПОТОА И ПОЛИЦАЕЦ ВО СТАНИЦА: 24 - годишен жител на Кочани зад решетки

СО ТУПАНИЦИ НАПАДНАЛ СРЕДНОШКОЛЕЦ ВО УЧИЛИШТЕ, А ПОТОА И ПОЛИЦАЕЦ ВО СТАНИЦА: 24 - годишен жител на Кочани зад решетки

СИНДРОМ НА „ПРЕГОРУВАЊЕ“ ОД РАБОТА: Како да се справиме со последиците од долготрајното изложување на професионален стрес?

СИНДРОМ НА „ПРЕГОРУВАЊЕ“ ОД РАБОТА: Како да се справиме со последиците од долготрајното изложување на професионален стрес?

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Продолжи судењето за двојното убиство, Кешишов ја однел полицијата до местото каде била закопана Вања

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Продолжи судењето за двојното убиство, Кешишов ја однел полицијата до местото каде била закопана Вања